Version 1 (modified by 10 years ago) ( diff ) | ,
---|
1 Introduction
Целта на овој документ е да ги собере, анализира и дефинира потребите од високо ниво и карактеристиките на Bus & Travel. Се фокусира на карактеристиките кои што им се потребни на засегнатите од системот и корисниците на истиот, но и го поставува прашањето зошто тие потреби постојат. Деталите за тоа како Bus & Travel ги исполнува овие потреби се дадени во корисничките случаи и дополнителните спецификации.
Системот Bus & Travel овозможува организирање и планирање на патување со автобус. Тој ги собира сите потребни информации на едно место и истите им ги презентира на сите засегнати на транспарентен и лесно пристаплив начин. Дополнително, овозможува и електронско плаќање на картите со цел корисниците да можат брзо и едноставно да го организираат патувањето со автобус.