Changes between Initial Version and Version 1 of AboutProject


Ignore:
Timestamp:
04/17/26 21:05:23 (2 weeks ago)
Author:
231012
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • AboutProject

    v1 v1  
     1== About: Digital Nomad Camping Platform
     2
     3
     4= '''Членови на тимот:'''
     5* Евгенија Пипоска 231001
     6* Софија Андоновска 231012
     7* Ана Бојаџиевска 231031
     8
     9= '''Краток опис:'''
     10Проектот опфаќа '''развој на систем за управување со дигитална кампинг платформа''' наменета за поврзување на хостови кои нудат кампинг локации со гости кои бараат престој во природа и авантуристички тип на туризам. Платформата има за цел да овозможи едноставно објавување, пребарување и резервирање на различни типови камп места како што се шатори, приколки или бунгалови, при што секоја локација е опишана со детали како што се цена по ноќевање, максимален број на гости, минимален број на ноќевања, сезонска достапност и дополнителни услуги како Wi-Fi, вода, струја и други услуги.
     11
     12Системот ќе овозможи управување со различни типови корисници, како што се гости и хостови. Хостовите ќе можат да додаваат и уредуваат информации за своите камп локации, додека гостите ќе можат да пребаруваат достапни локации, да прават резервации и да вршат плаќања онлајн или на лице место. Дополнително, платформата ќе поддржува оставање оценки и рецензии за локациите со цел подобрување на транспарентноста и довербата меѓу корисниците. Исто така, одредени камп локации ќе нудат и дополнителни активности како планинарење, кајак, велосипедски тури или други рекреативни активности во природа. Гостите ќе имаат можност да се пријават и резервираат учество во овие активности, при што истите ќе се наплаќаат дополнително.
     13
     14
     15
     16= '''Детален опис:'''
     17Овој проект претставува развој на систем за управување со дигитална кампинг платформа, чија основна цел е да обезбеди ефикасно поврзување помеѓу хостови кои нудат кампинг локации и гости кои се заинтересирани за престој во природа.
     18
     19Системот ќе поддржува повеќе категории на корисници, односно гости (крајни корисници) и хостови (сопственици или управувачи на кампинг локации). Секој корисник ќе има можност да креира сопствен профил преку процес на регистрација, при што ќе треба да ги внесе основните информации односно, име, е-пошта и лозинка. По успешна регистрација, корисникот ќе може да се најави во системот и да пристапи до функционалностите соодветни на неговата улога.
     20
     21'''Гостите''' ќе имаат можност да пребаруваат кампинг локации преку систем за филтрирање. Пребарувањето ќе може да се врши според различни параметри како што се: временски период на престој (датум од–до), тип на сместување (шатор, приколка, бунгалов), да одберат до која цена да е камп локацијата, максимален број на гости, минимален број на ноќевања, како и достапност на дополнителни услуги како Wi-Fi, вода, струја и слично. Гостите исто така ќе имаат можност да ги зачуваат своите '''омилени''' камп локации. Системот ќе овозможи прикажување на резултатите според избраните филтри и исто така ќе биде овозможено следење на промените на цените преку '''историја на цени''' за секоја кампинг локација.
     22
     23Секоја '''кампинг локација''' ќе има детална страница која ќе содржи име, тип, опис, локација, максимален капацитет, минимален број на ноќевања, статус, сезона. Гостите ќе можат да изберат конкретен временски период и да направат резервација директно преку платформата, а ќе имаат и можност при самата резервација да внесат промоциски код со што ќе ја искористат '''промоцијата''' за одредена камп локација.
     24Исто така секоја локација ќе може да нуди различни типови на '''опрема''', како што се шатори, вреќи за спиење, скара и друга рекреативна или кампинг опрема.
     25
     26Покрај основната резервација, платформата ќе овозможи и избор на '''дополнителни активности''' кои се нудат од страна на хостовите или во околината на кампинг локацијата. Овие активности може да вклучуваат планинарење, велосипедски тури, риболов, пикник и други рекреативни содржини. Корисниците ќе можат да се пријават за учество во овие активности директно при резервацијата или дополнително.
     27Платформата ќе поддржува повеќе '''начини на плаќање''', вклучувајќи онлајн плаќање со картичка или ќе имаат можност за плаќање на лице место, во зависност од политиката на хостот.
     28Дополнително, ќе се овозможи директна '''размена на пораки''' помеѓу гостите и хостовите. Оваа функционалност ќе овозможи поставување прашања, договарање детали и подобра координација пред пристигнувањето. Исто така, по завршување на престојот, гостите ќе имаат можност да оставаат '''оценки и рецензии''' за кампинг локациите и за дополнителни активности, кои ќе бидат јавно видливи и ќе придонесат кон зголемување на довербата и транспарентноста во системот.
     29
     30Од аспект на '''хостовите''', системот ќе обезбеди посебен интерфејс преку кој тие ќе можат да додаваат нови кампинг локации, да ги уредуваат постоечките, да поставуваат цени, да дефинираат достапност преку календар, како и да управуваат со резервациите. Хостовите ќе имаат увид во сите направени резервации, ќе можат да ги прифаќаат или одбиваат, како и да комуницираат со гостите.
     31==
     32'''1.За кого е наменета базата на податоци и проектот, односно кој според вашата идеја ќе биде одговорен за поседување на базата и апликацијата и нивно обезбедување како услуга, дали станува збор за компанија, институција, организација или поединец?'''
     33
     34Базата на податоци и целиот систем се наменети да бидат управувани од страна на компанија или организација која функционира како онлајн платформа за кампинг туризам. Компанијата или организацијата би биле како посредник помеѓу хостовите и гостите.
     35
     36Компанијата или организацијата ќе биде одговорна за развој, одржување и безбедност на системот, како и за управување со базата на податоци која ги содржи сите информации за корисниците, кампинг локациите, резервациите, плаќањата, активностите и други дополнителни податоци.
     37
     38'''2. Кои проблеми ги решава системот?'''
     39
     40Првенствено, го надминува проблемот со недостаток на централизирани информации, односно, сите кампинг локации, нивните карактеристики, услуги, активности и достапност се прикажани на едно место. Олеснат е и процесот на пронаоѓање соодветна локација преку напредни филтри како временски период, тип на сместување, цена, капацитет и дополнителни услуги. Системот го подобрува и процесот на резервација, кој наместо рачно или преку комуникација со хостот, се одвива автоматски и во реално време, со што се намалуваат грешките и се спречуваат двојни резервации преку следење на достапноста. Исто така, бидејќи системот нуди размена на пораки помеѓу гостите и хостовие се решава проблемот со ограничена комуникација. Недостатокот на доверба се надминува преку можноста за оставање оценки и рецензии, што овозможува транспарентност.Системот овозможува јасен приказ на цените и вкупните трошоци, вклучувајќи ги и дополнителните услуги и на тој начин гостите имаат јасен преглед за сите нивни трошоци. За разлика од класичните системи, оваа платформа решава и проблеми поврзани со организација на активности и изнајмување опрема, овозможувајќи корисниците на едно место да резервираат не само престој, туку и дополнителни услуги.
     41
     42'''3. Кои типови на корисници ќе имаат пристап до базата на податоци и проектот, кои вработени или клиенти?'''
     43
     44Пристап до системот ќе имаат три главни типови на корисници, тоа се гости, хостови и администратори. Гостите пребаруваат кампинг локации, прават резервации, изнајмуваат опрема, резервираат активности, оставаат рецензии и комуницираат со хостовите.
     45Хостови управуваат со кампинг локациите, поставуваат цени, достапност, опрема и активности.
     46Администраторите ја одржуваат платформата, управуваат со корисници, следат активности и обезбедуваат правилно функционирање на системот.
     47
     48'''4. Како се разликува овој систем од веќе постоечките решенија?'''
     49
     50Оваа платформата не нуди само резервација на сместување, туку обезбедува систем во кој корисниците при самата резервација на кампинг локација можат истовремено да резервираат и дополнителни услуги како активности и изнајмување опрема. Ова значи дека целиот процес од избор на локација до организација на престојот се одвива на едно место.
     51
     52'''5. Дали станува збор за web, mobile, desktop апликација?'''
     53
     54Првенствено, системот е дизајниран како веб апликација со пристап од било кој уред со интернет конекција без потреба од инсталација. Но, може да има и дополнително проширување со мобилна апликација.
     55
     56
     57
     58