| Version 4 (modified by , 3 days ago) ( diff ) |
|---|
Database Creation
Во оваа фаза беше дефинирана целокупната структура на базата на податоци пришто беа креирани 28 табели кои ги покриваат сите ентитети на системот. Табелите беа пополнети со податоци пришто беа внесени стотици до милиони редови. На крај, беа креирани 9 погледи.
DDL
DML
Views
Објаснување за погледите
- view_available_camps
Ги прикажува сите активни камп локации заедно со нивниот тип, капацитет и тековна цена. Се користи LEFT JOIN со Pricehistory за да се прикажат и камповите кои немаат активна цена за тековниот датум, при што во тој случај цената се прикажува како NULL.
- view_all_reservations
Му овозможува на секој guest или host да ги прегледа своите резервации, при што секоја резервација се категоризира како UPCOMING (идна), ACTIVE (тековна) или HISTORY (минатa или откажана), со цел лесно филтрирање според тип на резервација.
- view_available_activities
Му овозможува на корисникот да ги прегледа сите достапни активности за одредена камп локација, заедно со детали како цена, максимален број на учесници, времетраење и ниво на тежина.
- view_favorite_camps
Му овозможува на корисникот да ги прегледа своите омилени камп локации заедно со детали за кампот и тековната цена. Се користи LEFT JOIN со Pricehistory за да се прикажат сите омилени локации дури и кога немаат активна цена, во тој случај цената се прикажува како NULL.
- view_host_total_earnings
Му овозможува на секој хост преглед на вкупната заработка и вкупниот број на реализирани плаќања од сите камп локации кои му припаѓаат, при што се земаат предвид само успешно завршените плаќања.
- view_camp_avg_rating
Прикажува просечен рејтинг и вкупен број на рецензии за секоја камп локација. Се користи LEFT JOIN за да се прикажат и камповите кои немаат ниту една рецензија, бидејќи отсуството на оцени не значи лош камп туку само дека сè уште нема оставено рецензии. Имплементиран е како материјализиран поглед поради аналитичката природа на прашалникот.
- view_available_equipment
Ги прикажува сите достапни опреми по камп локација, заедно со тип, количина и цена на изнајмување. Секоја опрема автоматски се категоризира како available, limited или out_of_stock врз основа на достапната количина, при што се користи LEFT JOIN бидејќи опремата може да не биде поврзана со конкретна камп локација.
- view_reservation_payment_status
Му овозможува на корисникот преглед на финансискиот статус на неговите резервации, при што за секоја резервација се прикажува вкупната цена, платениот износ, преостанатиот долг и автоматски пресметан статус на плаќање — paid, partially_paid или not_paid.
- view_popular_camps
Прикажува статистички преглед на сите камп локации со вкупниот број на резервации, просечниот рејтинг и бројот на рецензии, при што секој камп автоматски се категоризира како top_rated, popular или standard врз основа на неговата популарност и оцена.
Attachments (3)
- ddl.sql (13.7 KB ) - added by 3 days ago.
- views.sql (8.3 KB ) - added by 3 days ago.
- dml.sql (34.6 KB ) - added by 7 hours ago.
Download all attachments as: .zip
