== Digital Nomad Camping Platform = '''Краток опис:''' Проектот опфаќа '''развој на систем за управување со дигитална кампинг платформа''' наменета за поврзување на хостови кои нудат кампинг локации со гости кои бараат престој во природа и авантуристички тип на туризам. Платформата има за цел да овозможи едноставно објавување, пребарување и резервирање на различни типови камп места како што се шатори, приколки или бунгалови, при што секоја локација е опишана со детали како што се цена по ноќевање, максимален број на гости, минимален број на ноќевања, сезонска достапност и дополнителни услуги како Wi-Fi, вода, струја и други услуги. Системот ќе овозможи управување со различни типови корисници, како што се гости и хостови. Хостовите ќе можат да додаваат и уредуваат информации за своите камп локации, додека гостите ќе можат да пребаруваат достапни локации, да прават резервации и да вршат плаќања онлајн или на лице место. Дополнително, платформата ќе поддржува оставање оценки и рецензии за локациите со цел подобрување на транспарентноста и довербата меѓу корисниците. Исто така, одредени камп локации ќе нудат и дополнителни активности како планинарење, кајак, велосипедски тури или други рекреативни активности во природа. Гостите ќе имаат можност да се пријават и резервираат учество во овие активности, при што истите ќе се наплаќаат дополнително. = '''Членови на тимот:''' * Евгенија Пипоска 231001 * Софија Андоновска 231012 * Ана Бојаџиевска 231031 = '''Предмет:''' Напредни бази на податоци 2025/2026/L Под менторство од Проф. д-р Горан Велинов или Проф. д-р Вангел Ајановски и асистент Ненад Анчев или асистент Милан Тодоровиќ. = '''Содржина:''' ||= Phase =||= Link =||= Status =||= Date =|| ||= P0 =|| AboutProject ||= Finished =|| 3.3.2026 || ||= P1 =|| RelationalModel ||= Finished =|| 17.3.2026 || ||= P2 =|| DatabaseCreation ||= Started =|| 24.3.2026 || ||= P3 =|| QueryOptimization || - || - || ||= P4 =|| DatabaseProgramming || - || - || ||= P5 =|| DatabaseCreation || - || - ||