= About: !CityFix = == Team members == * Име Презиме: Дамјан Панџаров * Индекс: 183164 == Short description == !CityFix претставува веб апликација наменета за пријавување, следење и управување со комунални проблеми во градска средина. Корисници на системот ќе бидат граѓани, општински работници и администратори. Граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми како што се оштетени патишта, нефункционално улично осветлување, отпад или други комунални недостатоци. Пријавите ќе содржат опис, категорија, локација (внесена рачно или селектирана на мапа), прикачени фотографии и статус. Граѓаните, исто така, ќе можат да ги прегледаат сите активни пријави и интерактивна мапа со означени локации на пријавените проблеми. Секоја промена на статусот (поднесена, примена, во тек, решена) ќе биде евидентирана за обезбедување на транспарентност и одговорност. Општинските работници ќе можат да ги прегледуваат пријавите, да го ажурираат нивниот статус, да доделуваат нивоа на приоритет според итност и достапност на ресурси, и да додаваат коментари за напредокот на решавањето. Администраторите ќе имаат целосна контрола врз системот, вклучувајќи управување со корисници, конфигурација на категории на проблеми и одржување на поставките на системот. == Detailed description of the project == Доколку се развива понатаму, ова би била веб платформа со контролна табла за следење на статус за граѓаните, работен процес за доделување за општинските работници и администраторски панел за управување со системот. Идни подобрувања вклучуваат известувања за ажурирања на статусот, интеграција со општински географски системи и статистички извештаи (на пример: кои улици имаат најмногу пријави, колку време треба за да се реши еден проблем, кои категории се најчести) за идентификување на повторувачки проблеми. Фокусот на системот е да обезбеди транспарентност во работата на општината, одговорност кон граѓаните и ефикасно решавање на комуналните проблеми. === За кого е наменет проектот? === Проектот е наменет за користење од страна на граѓани и општински работници, но ќе биде поседуван и управуван од општинска администрација или јавна институција одговорна за одржување на градската инфраструктура. Базата на податоци и апликацијата ќе бидат во сопственост на општината, додека техничкото одржување (управување со сервери, администрација на базата, безбедносни ажурирања) ќе биде обезбедено преку интерна ИТ служба или надворешен добавувач на ИТ услуги. Целта е да се создаде централизиран, транспарентен и ефикасен систем каде граѓаните можат да пријавуваат инфраструктурни проблеми, а општинските работници системски да ги обработуваат и решаваат. === Какви проблеми ќе решава? === * '''Неструктурирано пријавување:''' За разлика од тековниот пристап преку социјални мрежи, телефонски повици или лични посети, каде што пријавите лесно се губат или заборават, !CityFix обезбедува централизирана база на податоци со комплетни информации (опис, локација, фотографии, статус). * '''Недостаток на транспарентност:''' Граѓаните немаат увид дали нивната пријава е примена или во процес на решавање. !CityFix овозможува следење на статусот на пријавата во реално време, со евидентирање на секоја промена (поднесена, примена, во тек, решена). * '''Неефикасна организација на работа:''' Општинските работници немаат систематизиран преглед на пријавите. !CityFix им нуди организирани листи на пријави со можност за приоритизација според итност и достапност на ресурси, како и документирање на напредокот преку коментари. * '''Недостаток на одговорност:''' Граѓаните немаат увид дали нивната пријава е примена или во процес на решавање, ниту можат да видат кои проблеми веќе се пријавени во нивната околина. !CityFix овозможува следење на статусот на пријавата во реално време, преглед на сите активни пријави и интерактивна мапа со означени локации на пријавените проблеми, со евидентирање на секоја промена (поднесена, примена, во тек, решена, одбиена). === Какви видови корисници ќе има? === * '''Администратори''' – управуваат со базата на податоци, надгледуваат кориснички сметки, конфигурираат категории на проблеми и ги одржуваат поставките на системот. * '''Општински работници''' – ги прегледуваат поднесените пријави, го ажурираат нивниот статус (примена, во тек, решена), доделуваат нивоа на приоритет и додаваат коментари со кои го документираат процесот на решавање. * '''Граѓани''' – поднесуваат пријави со описи, категории, локација (преку рачно внесување на адреса или селекција на мапа) и прикачени фотографии, го следат статусот на нивните поднесени пријави. === По што се разликува од постоечките решенија? === Слични платформи постојат (!SeeClickFix, 311 Systems, Love Clean Streets), но !CityFix е прилагоден за локална имплементација со едноставен интерфејс дизајниран за корисници со сите нивоа на техничка вештина, флексибилно внесување на локација (рачно или преку мапа), визуелна документација преку фотографии и можност за проширување со интеграција на општински географски информациски системи и генерирање на статистички извештаи (на пример: кои улици имаат најмногу пријави, колку време треба за решавање, кои категории се најчести). !CityFix се издвојува по: * '''Локална прилагодливост''' – поддршка за македонски јазик и локални категории на проблеми. * '''Едноставност''' – интуитивен интерфејс со флексибилно внесување на локација (рачно или преку мапа) и прикачување на фотографии. * '''Јавна транспарентност''' – интерактивна мапа со сите активни пријави, што ја намалува можноста за дуплирани пријави. * '''Статистички увиди''' – извештаи за најчести проблеми, време на решавање и проблематични локации за подобро планирање на ресурси.