= Упатство за преведување и стартување = == Опис на развојната околина == * Програмски јазик: Python 3.10 или понова верзија * Библиотека за пристап до базата: psycopg 3 (се инсталира автоматски, види подолу) * База на податоци: PostgreSQL, шема project, креирана со скриптите од фазата P2 * Оперативен систем: Windows, Linux или macOS * Изворниот код е во git репозиториумот на проектот == Упатство за инсталација == 1. Преземи го изворниот код од git репозиториумот на проектот. 2. Во папката на проектот креирај виртуелна околина и инсталирај ги потребните библиотеки: {{{ python -m venv .venv .venv\Scripts\activate pip install -r requirements.txt }}} На Linux и macOS, наместо втората команда се користи: source .venv/bin/activate 3. Ако базата е празна, изврши ги скриптите од папката sql, по овој редослед: schema_creation.sql, па data_load.sql. 4. Копирај ја датотеката config.example.ini во config.ini и внеси ги податоците за поврзување од EPRMS (host, port, име на базата, корисник и лозинка). 5. Стартувај ја апликацијата: {{{ python -m cityfix }}} Ако кирилицата не се прикажува правилно во старата конзола на Windows, пред стартување изврши chcp 65001 или користи Windows Terminal. == Упатство за тестирање == Прототипот нема лозинки: корисникот се најавува со избор на улога и избор на корисник од листата вчитана од базата. Сите избори во апликацијата се прават со внесување на бројот пред понудената опција, а со 0 се враќа назад. '''Граѓанин''' (на пример Ана Димитриевска): * „Поднеси нова пријава“ - избор на категорија, внес на опис, адреса и/или координати и имиња на фотографии. За проверка на слични пријави во близина, внеси координати 42.0006 и 21.4165 со категорија „Патишта и тротоари“. * „Мои пријави“ - листа на пријавите, а по избор на пријава: историја на статусот, коментари и фотографии. '''Администратор''' (на пример Александар Петровски): * Листа на недоделени пријави, избор на пријава, избор на работник според бројот на активни пријави и внес на забелешка. '''Општински работник''' (на пример Дејан Јовановски): * Листа на доделени активни пријави, избор на пријава, додавање коментар, промена на статус и промена на приоритет. За да се вратат почетните податоци по тестирањето, повторно изврши ја скриптата data_load.sql.