= Модел на случаи на употреба = == Листа на актери / улоги == === Посетител === Лице кое ја отвора апликацијата без да е најавено, за да ги види пријавените проблеми или да се регистрира. * UC0001 - Регистрација на граѓанин - Посетителот креира сметка за да може да поднесува пријави. * UC0002 - Преглед на активни пријави на мапа - Преглед на сите активни пријави и нивните локации на интерактивна мапа. === Граѓанин === Регистриран корисник кој пријавува комунални проблеми и го следи нивното решавање. * UC0002 - Преглед на активни пријави на мапа - Граѓанинот проверува дали проблемот веќе е пријавен во неговата околина. * [wiki:UseCase0003 UC0003] - Поднесување на пријава - Граѓанинот пријавува нов проблем со опис, категорија, локација и фотографии. * [wiki:UseCase0004 UC0004] - Следење на статусот на своите пријави - Граѓанинот ја гледа историјата на статусите и коментарите за своите пријави. === Општински работник === Вработен во општината кој на терен ги решава доделените пријави. * [wiki:UseCase0005 UC0005] - Обработка на доделена пријава - Работникот го ажурира статусот на пријавата и додава коментари за напредокот. * UC0006 - Приоритизација на пријави - Работникот го менува нивото на приоритет според итноста и достапните ресурси. === Администратор === Вработен во општината кој го управува системот и ја распределува работата. * [wiki:UseCase0007 UC0007] - Доделување на пријава на работник - Администраторот ја доделува новата пријава на соодветен работник. * UC0008 - Управување со категории - Администраторот додава и менува категории на проблеми. * UC0009 - Управување со кориснички сметки - Администраторот креира сметки за работници и ги менува или деактивира постоечките сметки. * UC0010 - Преглед на статистички извештаи - Администраторот ги прегледува најчестите проблеми, времето на решавање и проблематичните локации. === Мапски сервис === Надворешен систем (на пример !OpenStreetMap) кој ја прикажува мапата и ги претвора координатите во адреса и обратно. * Не иницира случаи на употреба, учествува во UC0002 и UC0003. == Детали за реализација на најважните случаи на употреба == Избрани се случаите на употреба кои го покриваат целиот животен циклус на една пријава: поднесување (UC0003), следење (UC0004), доделување (UC0007) и решавање (UC0005). Сите SQL команди се тестирани на базата креирана во фазата P2, со претходно извршена команда SET search_path TO project; * [wiki:UseCase0003 UC0003 - Поднесување на пријава] * [wiki:UseCase0004 UC0004 - Следење на статусот на своите пријави] * [wiki:UseCase0005 UC0005 - Обработка на доделена пријава] * [wiki:UseCase0007 UC0007 - Доделување на пријава на работник] == Користење на вештачка интелигенција == [wiki:UseCaseModelAIUsage Користење на вештачка интелигенција за моделот на случаи на употреба]