= Имплементација на случаи на употреба == Регистриран корисник (User) == **ИД 13** - Апликација за вработување како доставувач За корисник да аплицира за работна позиција како доставувач, корисникот треба првично да ги пополни своите информации и да го притисне копчето "Submit Application". [[Image(applicationView.png, height=450, width=900)]] При клик на копчето, се испраќа POST барање до backend апликацијата во кој се сместени поднесените информации кои се побарани во апликацијата како што се телефонскиот број, мејл адресата, CV-фајлот како и мотивационото писмо. Во header делот не е потребно да специфицираме дека Content-Type ќе е multipart/form-data поради тоа што самиот IDE може да препознае дека се испраќа таков тип на контент. [[Image(implementationFront1.png, height=650, width=550)]]