= Визија == 1. Вовед Целта на нашата апликација е агрегација на рецепти во една веб апликација која визуелно и едноставно ќе им ги прикаже резултатите на клиентите како и лесна и едноставна достава на потребните состојки. Воедно секој корисник на нашата апликација ќе има прилагодено пребарување врз основа на различни состојки. == 2. Позиционирање === 2.1 Дефиниција на проблем ||= Тема на проблем =|| Непостоење на апликација со обилна колекција од убави рецепти за храна составени од избрани состојки и доставување на истите || ||= Кого засега =|| Сите лица кои што се љубители на сопствено зготвена домашна храна кои не сакаат репететитивни рецепти за храна || ||= Со последици како =|| Нездрава, скапа и монотона храна приготвена во сендвичари или угостителски објекти || ||= Успешно решение би било =|| Веб апликација која би го потикнал народот да започне со готвење на домашна, поевтина и поздрава храна || === 2.2 Позиција на пазарот ||= За =|| Сите луѓе || ||= Кои =|| Би сакале да започнат со готвење на своја храна и да намалат на непотребни трошоци || ||= !CookCraft =|| Е веб апликација за агрегирање на рецепти || ||= Кој овозможува =|| Лесен пристап до изобилие на рецепти со прилагодено пребарување и достава на состојки || ||= За разлика од =|| Мануелно пребарување на еден рецепт || ||= Нашиот продукт =|| Нуди голем опсег на рецепти од различни интернационални кујни кои можат да се приготват од дома || == 3. Опис на засегнатите лица === 3.1 Преглед ||= Име =||= Опис =||= Одговорности =|| || Клиент || Корисник на апликацијата || Користење на апликацијата || || Доставувач || Доставувач на состојки || Доставување на порачаните состојки до клиентот во разумно време || || !Маркети/Продавници || Добавувачи на состојки || Редовно ажурирање на своите достапни состојки и нивната цена || || Развивач на апликацијата || Одржувач на апликацијата || Често одржување на апликацијата како и пронаоѓање на потенцијални грешки во системот || || Администратор || Прегледувач и Работодавец || Прегледувач на дадени коментари и оценки за рецепти како и интервјуер и прегледувач на апликации за вработување || || Супер администратор || Распределувач на пермисии || Доделување на пермисиите на администраторите и развивачите на апликацијата || === 3.2 Корисничка околина Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до апликацијата преку било кој мобилен телефон, таблет или компјутер, со достапост до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања. == 4. Преглед на производот === 4.1 Барања ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =|| || Регистрација и најава на корисници || Висок || Можност за најава на веб апликацијата преку лична email адреса || || Пребарување || Висок || Пребарување на одреден рецепт според име || || Филтрирање || Висок || Можност за филтрирање на рецепти според различни потребни || || Доделување на оценка на рецепти || Висок || Внесување на бројчена оценка на рецепт по негова приготовка || || Преглед на омилени рецепти || Висок || Приказ на омилени рецепти кои корисникот ги внесол || || Преглед на оценети рецепти || Висок || Приказ на оценети рецепти од страна на корисникот || || Преглед на моментално нарачани состојки || Висок || Приказ на моменталната направена нарачка како и предвидено време за пристигнување на истата || == 5. Други барања ||= Барање =||= Приоритет=|| || Интернет конекција || Висок || || Мобилен телефон, таблет или лаптоп/компјутер || Висок || || Веб прелистувач || Висок || || Потреба на личен профил за правење нарачки на состојки || Висок || || Потреба на личен профил за доставувачи || Висок ||