== Краток опис на проектот == Cooksy претставува систем за управување и пребарување на рецепти, наменет за персонализирано искуство при готвење. Системот овозможува складирање на рецепти, состојки и кориснички преференции, со цел да им помогне на корисниците полесно да пронаоѓаат рецепти според нивниот вкус и достапни намирници. Базата на податоци е пополнета со рецепти преземени од Food.com, што овозможува реален и богат dataset за анализа и работа. Дополнително, системот овозможува креирање на SQL view-ови за поедноставен пристап до податоците. == Детален опис на проектот == === За кого е наменета базата на податоци и проектот === Проектот Cooksy е наменет за: * корисници кои сакаат да пронаоѓаат рецепти според сопствени преференции, * луѓе кои сакаат да готват со состојки што веќе ги имаат, * апликации поврзани со храна и препорака на рецепти, * студенти и истражувачи кои работат со бази на податоци. Базата на податоци служи како централен репозиториум за рецепти, состојки и кориснички податоци. === Какви проблеми се решаваат со проектот === Cooksy овозможува решавање на следните проблеми: * тешко пребарување на рецепти според лични преференции, * недоволна искористеност на достапните состојки во домот, * неорганизирано чување на рецепти, * недостаток на персонализирани препораки. === Какви видови корисници ќе имаат пристап до системот === Системот предвидува следниве типови корисници: * Администратор – управува со базата и податоците. * Регистриран корисник – поставува преференции, пребарува рецепти и учествува во форум. * Гостин – може да прегледува рецепти без персонализација. === Главни функционалности === * Персонализирани преференции – корисниците можат да дефинираат омилени типови на храна, диети и состојки. * Пребарување според состојки – корисникот внесува кои состојки ги има, а системот предлага рецепти што можат да се подготват со тие состојки. * Препораки на рецепти – системот предлага рецепти врз основа на преференциите на корисникот. * SQL view-ови – се користат за поедноставување на комплексни пребарувања, како: - рецепти според состојки, - рецепти според калории, - најпопуларни рецепти, - рецепти по категории. * Форум – корисниците можат да споделуваат рецепти, искуства и препораки. === Фокус на проектот === Главниот фокус на проектот е дизајнот на релациона база на податоци и креирање на SQL view-ови кои овозможуваат ефикасно пребарување и анализа на податоците. Проектот е дизајниран со можност за понатамошно проширување, како што се системи за препорака, анализа на нутритивни вредности и напредни кориснички интеракции.