| Version 1 (modified by , 2 weeks ago) ( diff ) |
|---|
Краток опис на проектот
Cooksy претставува систем за управување и пребарување на рецепти, наменет за персонализирано искуство при готвење. Системот овозможува складирање на рецепти, состојки и кориснички преференции, со цел да им помогне на корисниците полесно да пронаоѓаат рецепти според нивниот вкус и достапни намирници.
Базата на податоци е пополнета со рецепти преземени од Food.com, што овозможува реален и богат dataset за анализа и работа. Дополнително, системот овозможува креирање на SQL view-ови за поедноставен пристап до податоците.
Детален опис на проектот
За кого е наменета базата на податоци и проектот
Проектот Cooksy е наменет за:
- корисници кои сакаат да пронаоѓаат рецепти според сопствени преференции,
- луѓе кои сакаат да готват со состојки што веќе ги имаат,
- апликации поврзани со храна и препорака на рецепти,
- студенти и истражувачи кои работат со бази на податоци.
Базата на податоци служи како централен репозиториум за рецепти, состојки и кориснички податоци.
Какви проблеми се решаваат со проектот
Cooksy овозможува решавање на следните проблеми:
- тешко пребарување на рецепти според лични преференции,
- недоволна искористеност на достапните состојки во домот,
- неорганизирано чување на рецепти,
- недостаток на персонализирани препораки.
Какви видови корисници ќе имаат пристап до системот
Системот предвидува следниве типови корисници:
- Администратор – управува со базата и податоците.
- Регистриран корисник – поставува преференции, пребарува рецепти и учествува во форум.
- Гостин – може да прегледува рецепти без персонализација.
Главни функционалности
- Персонализирани преференции – корисниците можат да дефинираат омилени типови на храна, диети и состојки.
- Пребарување според состојки – корисникот внесува кои состојки ги има, а системот предлага рецепти што можат да се подготват со тие состојки.
- Препораки на рецепти – системот предлага рецепти врз основа на преференциите на корисникот.
- SQL view-ови – се користат за поедноставување на комплексни пребарувања, како:
- рецепти според состојки,
- рецепти според калории,
- најпопуларни рецепти,
- рецепти по категории.
- Форум – корисниците можат да споделуваат рецепти, искуства и препораки.
Фокус на проектот
Главниот фокус на проектот е дизајнот на релациона база на податоци и креирање на SQL view-ови кои овозможуваат ефикасно пребарување и анализа на податоците.
Проектот е дизајниран со можност за понатамошно проширување, како што се системи за препорака, анализа на нутритивни вредности и напредни кориснички интеракции.
