| Version 1 (modified by , 10 days ago) ( diff ) |
|---|
About: Telecom DB
Team members:
Petar Srbinoski - 231139
David Panovski - 231045
Andrej Stojanovski - 231094
Ljupco Troshanski - 231111
Short description:
Овој проект опфаќа изработка на целосен, скалабилен и ефикасен Телекомуникациски оператор. PostreSQL базата ќе содржи различни типови на податоци, како податоци џза корисници (лични податоци, вид претплата, тип на услуги достапни), сервисни пакети (цени,карактеристики и ограничувања). Системот исто така ќе содржи податоци за базни станици, како и податоци за цела мрежна структура и региони на покривање.
Дополнително, системот ќе опфаќа податоци за повици, sms податоци, како и интеракции на интернет (CDR податоци). Ќе се чуваат податоци и за фактурирање, наплата и финансиски трансакции, со цел прецизно следење на приходите на операторот. Ќе бидат вклучени и CRM податоци, како што се интеракции со корисници, барања за поддршка, историја на услуги, што овозможува лесно и брзо управување со односите со клиентите.
Проектот ќе биде реализиран со користење на PostgreSQL и ќе биде дизајниран да обезбеди интегритет на податоците, скалабилност и ефикасно пребарување преку напредни SQL техники. Поради начинот на кој се структурирани податоците системот ќе овозможи лесно анализирање на истите, како и лесни понатамошно проширување и интеграција со други системи.
Detailed description:
TelecomDB е целосен систем за управување со база на податоци наменет за телекомуникациски оператори. Изграден врз PostgreSQL, системот ги покрива сите клучни оперативни области на еден модерен телеком — управување со претплатници, мрежна инфраструктура, CDR евиденција, фактурирање и CRM поддршка.. Базата опфаќа неколку главни домени: личните и договорните податоци на претплатниците, дефиниции на сервисни пакети и тарифи, детали за базни станици и мрежна топологија, CDR записи за повици, SMS и интернет-сесии, автоматизиран биллинг и финансиски трансакции, како и CRM модул со историја на интеракции и тикети за поддршка. Структурата е дизајнирана за интегритет на податоците, скалабилност и ефикасно пребарување преку напредни SQL техники.
2. За кого е наменет:
Системот е наменет за средни до големи телекомуникациски компании — мобилни, или фиксни или оператори. Како сопственици на базата и апликацијата е самиот оператор, кој го одржува преку сопствен IT тим или на cloud. Примарните потреби на операторот се централизирано управување со претплатници, автоматско фактурирање, следење на мрежниот сообраќај во реално време и усогласеност со регулаторните барања за чување на CDR податоци.
3. Кои проблеми ги решава:
Системот е наменет да решава проблеми за замена на претплати, можност на корисникот во било кое време да ја види својата потрошувачка, како и проблеми со грешки при фактурирање. Ова го овозможува системот преку воведување на автоматизирани процеси и добро структурирана база.
4. Типови на корисници:
Системот предвидува повеќеслоен модел на пристап базиран на улоги.
- Системскиот администратор (DBA) има целосен пристап до базата.
- Финансики администратори управуваат со фактури и плаќања.
- CRM вработените работат со историјата и тикетите на корисниците.
- Мрежните инженери ги следат базните станици и покривањето.
- Аналитичарите имаат пристап само за читање за извештаи и анализи.
- Крајните корисници пристапуваат исклучиво до сопствените податоци преку self-care портал или до веб страницата.
- Инспекторите и регулативците имаат ограничен пристап до CDR и финансиски извештаи.
5. Разлика од постоечки решенија:
TelecomDB е специфично дизајниран за телеком-домен и ги поддржува CDR концептите, телеком тарифните модели и мрежната топологија, без потреба од скапи екстензии.
6. Тип на апликација:
TelecomDB е примарно backend и database проект, но е дизајниран да ги поддржи три типови на апликациски слоеви. Главниот интерфејс за би била веб апликација, пристапна од прелистувач без инсталација. За крајните претплатници во иднина би се направила мобилна self-care апликација за iOS и Android.
