wiki:DatabaseCreation

Version 12 (modified by 231094, 3 weeks ago) ( diff )

--

Database Creation

DDL скрипта за креирање на табелите

TelecomSystemDDL.txt

Во базата на податоци се дефинирани табели за целосен телекомуникациски систем кој опфаќа корисници, сметки, договори, претплати, SIM картички, уреди, тарифни планови, дополнителни услуги, користење на услуги, фактурирање, плаќања, CRM поддршка, вработени и мрежна инфраструктура.

Погледи

Во нашата база на податоци има погледи кои би се употребувале за потребите на вработените во телекомуникациската компанија. Тие овозможуваат поедноставно пребарување и анализа на податоци поврзани со корисници, претплати, користење услуги, фактури, плаќања, roaming активност и корисничка поддршка.

Customer Call History

Овој поглед ја прикажува историјата на телефонски повици за одреден корисник. Во него се прикажуваат податоци за корисникот, сметката, претплатата, тарифниот план, договорот, телефонскиот број од кој е направен повикот, бројот кон кој е направен повикот, почетно и крајно време на повикот, времетраење, тип на повик, насока на повик, наплатен износ, fraud score и roaming партнер доколку повикот бил направен во roaming.

Овој поглед би се користел од корисничка поддршка и billing тимот при проверка на детална историја на повици, жалби за наплата или анализа на користење на говорни услуги. Пребарувањето најчесто би се вршело според ID на корисникот, ID на претплатата или телефонски број.

Customer call history.sql

Customer SMS History

Овој поглед ја прикажува SMS историјата на корисникот. Се прикажуваат податоци за корисникот, сметката, претплатата, тарифниот план, договорот, бројот од кој е испратена пораката, бројот кон кој е испратена, времето на испраќање, типот на SMS пораката, насоката, наплатениот износ и roaming партнерот доколку пораката е испратена преку roaming мрежа.

Овој поглед би се користел за проверка на SMS активност, анализа на наплатени пораки и решавање на кориснички жалби поврзани со SMS услуги. Пребарувањето најчесто би се вршело според ID на корисникот или ID на претплатата.

Customer SMS history.sql

Customer Data Usage History

Овој поглед ја прикажува историјата на користење мобилен интернет за корисникот. Се прикажуваат податоци за корисникот, сметката, претплатата, тарифниот план, договорот, почеток и крај на data сесијата, времетраење, потрошени MB и GB, APN, IP адреса, наплатен износ, roaming партнер, земја на roaming партнерот, сектор, фреквентен опсег и генерација на мрежа.

Овој поглед би се користел за анализа на интернет потрошувачка, проверка на roaming data наплата, техничка анализа на сесиите и поддршка при кориснички жалби за мобилен интернет. Пребарувањето најчесто би се вршело според ID на корисникот, ID на претплатата или временски период.

Customer data usage history.sql

Customer Daily Usage Summary

Овој поглед прикажува дневна агрегирана потрошувачка на корисникот. Наместо секој повик, SMS порака или data сесија да се разгледува посебно, овој поглед ги прикажува вкупните дневни вредности: вкупно секунди разговор, вкупно минути разговор, број на SMS пораки, вкупно потрошени MB и GB, како и вкупен наплатен износ за тој ден.

Овој поглед би се користел за брз преглед на дневната активност на корисникот и за billing анализа. Пребарувањето најчесто би се вршело според ID на корисник, ID на претплата или датум.

Customer daily usage summary.sql

Customer Full Usage Activity

Овој поглед дава целосен преглед на користењето услуги од страна на корисникот. Ги обединува податоците од повиците, SMS пораките и data сесиите и прикажува вкупна активност за секоја претплата. Се прикажуваат вкупни секунди и минути разговор, вкупен број SMS пораки, вкупна data потрошувачка во MB и GB, како и вкупен наплатен износ.

Овој поглед би се користел како 360-преглед на корисничка активност. Корисничката поддршка може брзо да провери колку услуги користел корисникот, без да ги отвора деталните CDR табели посебно.

Customer full usage activity.sql

Customer Device SIM History

Овој поглед ја прикажува историјата на доделени SIM картички и уреди на корисникот. Се прикажуваат корисникот, сметката, претплатата, тарифниот план, договорот, уредот што бил доделен, производител, модел, тип на уред, статус на доделување, SIM картичка, MSISDN број, ICCID, IMSI, тип на SIM картичка, статус на SIM картичката и периодот во кој SIM картичката била поврзана со претплатата.

Овој поглед би се користел за следење која SIM картичка и кој уред биле активни кај одреден корисник. Пребарувањето најчесто би се вршело според ID на корисникот, ID на претплатата, MSISDN број или SIM ID.

Customer device SIM history.sql

Customer Invoice Details

Овој поглед ги прикажува деталите за фактурите на корисникот. Се прикажуваат податоци за корисникот, сметката, број на фактура, billing период, датум на издавање, рок на плаќање, вкупен износ, данок, попуст, статус на фактурата, како и ставките од фактурата со опис, количина, единечна цена, line amount и tax rate.

Овој поглед би се користел од billing тимот и корисничката поддршка за објаснување на фактури, проверка на наплатени услуги и анализа на ставки во фактурата. Пребарувањето најчесто би се вршело според ID на корисникот, account number, invoice number или invoice ID.

Customer invoice details.sql

Customer Payment History

Овој поглед ја прикажува историјата на плаќања на корисникот. Се прикажуваат податоци за корисникот, сметката, фактурата, начин на плаќање, давател на payment service, датум на плаќање, платен износ, референтен број и статус на плаќањето.

Овој поглед би се користел за проверка дали корисникот ја платил фактурата, колку има платено, преку кој метод е извршено плаќањето и дали плаќањето е успешно. Пребарувањето најчесто би се вршело според ID на корисникот, account ID, invoice ID или статус на плаќање.

Customer payment history.sql

Customer Addon Invoice Detail

Овој поглед ги прикажува дополнителните услуги што ги има активирано корисникот и нивната поврзаност со фактурирањето. Се прикажуваат податоци за корисникот, сметката, претплатата, addon услугата, типот на addon, цената, allowance вредноста, дали addon услугата е recurring, датум на активација, датум на деактивација, статус, како и поврзана фактура и ставка од фактура.

Овој поглед би се користел за проверка на дополнителни пакети како extra data, roaming addon, SMS пакет или други дополнителни услуги. Пребарувањето најчесто би се вршело според ID на корисникот, ID на претплата или addon ID.

Customer addon invoice detail.sql

Customer Roaming Activity

Овој поглед ја прикажува roaming активноста на корисникот. Во него се обединуваат roaming податоци од повици, SMS пораки и data сесии. Се прикажуваат корисникот, претплатата, типот на активност, roaming партнерот, земјата, времето на настанот, потрошувачката и наплатениот износ.

Овој поглед би се користел за анализа на roaming користење, проверка на трошоци во странство и решавање на кориснички жалби поврзани со roaming наплата. Пребарувањето најчесто би се вршело според ID на корисник, ID на претплата, roaming партнер или земја.

Customer roaming activity.sql

Customer Subscription Status Timeline

Овој поглед ја прикажува временската линија на промени на статусот на претплатата. Се прикажуваат податоци за корисникот, сметката, претплатата, стариот статус, новиот статус, времето на промена, вработениот кој ја направил промената и причината за промена.

Овој поглед би се користел за следење на животниот циклус на претплатата: активирање, суспензија, откажување, истекување или повторна активација. Пребарувањето најчесто би се вршело според ID на корисникот, ID на претплатата или статус.

Customer subscription status timeline.sql

Customer Support Ticket Timeline

Овој поглед ја прикажува историјата на support тикети и интеракции со корисникот. Се прикажуваат тикетите, типот на тикет, subject, опис, priority, статус, доделен вработен, датум на креирање, датум на затворање, интеракции, канал на комуникација, белешки и промени на статус.

Овој поглед би се користел од customer support тимот за следење на проблеми, жалби, технички барања и целосна комуникација со корисникот. Пребарувањето најчесто би се вршело според ID на корисникот, ticket ID, assigned employee ID или статус на тикет.

Customer support ticekt timeline.sql

Attachments (26)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.