Changes between Initial Version and Version 1 of InstructionsP4


Ignore:
Timestamp:
12/16/25 13:12:38 (12 days ago)
Author:
vangel.ajanovski
Comment:

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • InstructionsP4

    v1 v1  
     1= Instructions on Phase P4: First Application Prototype
     2
     3Се изработува минимален прототип во кој треба да профункционираат сценаријата кои се означени како главни и направени во претходната фаза од проектот. Не се бара целосна апликација, туку само мал, макар и импровизиран прототип, со минимум функционалности врз жива база на податоци според опишаните избрани најважни сценарија.
     4* Прототипот треба да покаже како би се имплементирале основните елементи на најважните сценарија при поврзување со базата на податоци.
     5* Прототипот може да го правите во произволна технологија. Може да биде изработен и целосно во најосновно програмирање во било кој програмски јазик, со влез и излез на командна линија, без да имате никакви други претходни познавања за програмирање целосни апликации и познавања од рамки за развој на апликации со целосен кориснички интерфејс и работа со бази на податоци.
     6* Прототипот не треба да биде ниту комплексен, ниту особено софистициран, бидејќи целта е само да покажете дека дизајнот на базата е успешен и може да поддржи некоја минимална функционалност со пристап до базата.
     7
     8Довршувањето на апликацијата е предмет на подоцнежните фази.
     9
     10**Рокови**
     11
     12Протипот треба да се презентира на јавна презентација пред сите останати студенти на предметот која ќе биде закажана во термини по избор на крајот на јануари.
     13
     14Овој рок е фиксен и е услов за продолжувањето со работа на проектот. Секое пролонгирање ќе значи закочување на следните фази од проектот кои се неопходни за оценување и намалување на поените.
     15
     16По барање на група студенти, може да се организираат и термини за презентација пред или на самиот почеток на испитната сесија.
     17
     18
     19**Детали за изработката**
     20
     21Елементи што мора да ги исполнувате:
     22
     23* Секој од членовите на тимот, да има имплементирано по барем едно сценарио од листата најважни случаи на употреба опишани во P3.
     24* Сценариото треба да функционира така што во никој момент нма да се очекува корисникот да помни идентификатори и кодови, туку сите потребни избори ќе му бидат излистани и ако треба некој податок да референцира некој друг податок, потребната референца ќе ја избере од листа наместо да внесува кодови кои треба да ги запомни
     25* Да бидат имплементирани најмалку 3 сценарија од листата во претходната фаза
     26
     27Во прототипот и документацијата не користете слики, материјали и примери за кои немате експлицитно добиено право на користење. Не е доволно да ги има некаде онлајн, за да смеете да користите некој материјал ви треба да е под лиценца која  ви го дозволува да го користите.
     28
     29За финално оценување на вашиот прототип на апликација со цел формирање оценка на предметот е потребно да ги имате следните елементи во документацијата:
     30
     31* Креирајте и линкувајте вики страница под име **PrototypeImplementation** линкувана на главната страница во соодветната фаза во која
     32* кратка презентација на секој од имплементираните use-case, документирана на вики страницата PrototypeImplementation. Документацијата е во вид на оригиналната документација за секој од случаите, како во претходната фаза, но проширена со реално имплементираните SQL наредби во секој чекор и снимки од екранот во секој чекор, поставени соодветно на страниците **UseCaseXXXXPrototypeImplementation** кои ќе бидат линкувани од **PrototypeImplementation** страницата.
     33* вашиот изворен код да биде поставен во вашиот git repo на вашиот проектен/документациски сајт на DEVELOP
     34* кратки инструкции како да се компајлира, спакува и стартува вашиот прототип од изворниот код поставени на DEVELOP, поставени на wiki страница **BuildInstructions**, линкувана во **PrototypeImplementation** страницата.
     35
     36Вики страницата **BuildInstructions** треба да ги содржи следните информации:
     37
     38* Каков софтвер е предуслов да се има за да може да се искомпајлира, изгради, инсталира, конфигурира и стартува вашиот проект
     39* Објаснение како да се тестира апликацијата откако ќе се стартува:
     40 * Ако е веб, на која адреса ќе се активира и кориснички имиња и лозинки, ако е десктоп или мобилна апликација, како да се стартува и корисници и лозинки
     41* Мини упатство за користење, чекор по чекор, во кое ги наведувате главните елементи од апликацијата и како се користат
     42
     43Ажурен изворен код испратен преку git на DEVELOP
     44
     45* Ова не е потребно за јавна презентација на прототип, туку е потребно за оценување на P5 и пред да продолжите на P6 и P7.
     46* Инструкции за пристап до репозиториумите ќе имате во EPRMS во секцијата Repositories.
     47
     48Детали за изворниот код:
     49
     50* целиот изворен код потребен за да се стартува вашата прототип апликација
     51  * изворниот код од апликацијата
     52  * скриптите за генерирање табели во базата
     53  * скриптите за пример податоци во табелите во базата
     54* со кодот не праќајте дополнителни работи кои не се ваши
     55  *       ако користите туѓи кодови - тргнете ги и напишете скрипта што ќе симне сѐ што треба од каде што треба или наведете во упатството детали за градење извршна верзија кои автоматски ќе симнат сѐ плус што е потребно
     56  *        ако користите туѓи рамки и стилови - тргнете ги и напишете скрипта што ќе симне сѐ што треба од каде што треба или наведете во упатството детали за градење извршна верзија кои автоматски ќе симнат сѐ плус што е потребно
     57  *       ако користите туѓи библиотеки - тргнете ги и напишете скрипта што ќе симне сѐ што треба од каде што треба или наведете во упатството детали за градење извршна верзија кои автоматски ќе симнат сѐ плус што е потребно
     58  * ако користите извршни верзии од туѓи програми - тргнете ги и напишете скрипта што ќе симне сѐ што треба од каде што треба или наведете во упатството детали за градење извршна верзија кои автоматски ќе симнат сѐ плус што е потребно
     59  * ако користите слики во проектот кои не се ваши - тргнете ги и напишете скрипта што ќе симне сѐ што треба од каде што треба или наведете во упатството детали за градење извршна верзија кои автоматски ќе симнат сѐ плус што е потребно
     60
     61Доколку не сакате вашиот изворен код и/или проект да остане јавно достапен, може да ги смените параметрите за привилегии на вашиот проектен сајт во делот за администрација - да биде достапен само за определени групи корисници. Ако треба помош за поставување контактирајте го наставникот.