== Трансакции === Вовед Во рамките на оваа фаза, целта е да се прикаже како еден ваков систем за авионски резервации управува со паралелни барања од повеќе корисници во исто време, без да се наруши конзистентноста на податоците и практики за истото во еден MySql сервер. Фокусот е на тоа системот да гарантира '''конзистентна продажба и резервација на седишта''' односно да не може да се случи две различни резервации да завршат со исто седиште на ист лет, и да нема ситуација на '''overbooking''' (повеќе резервирани места од капацитетот на авионот). Покрај тоа, анализираме како системот треба правилно да се однесува при '''паралелни промени врз исти податоци''', како на пример: * промена на седиште * откажување резервација * промени во распоредот на летот. Овие операции во пракса често се случуваат истовремено од различни корисници и без трансакции и locking можат да доведат до неконзистентни резултати, „изгубени” промени или некоректен број на резервации.