== Трансакции === Вовед Во рамките на оваа фаза, целта е да се прикаже како еден ваков систем за авионски резервации управува со паралелни барања од повеќе корисници во исто време, без да се наруши конзистентноста на податоците и практики за истото во еден MySQL сервер. Фокусот е на тоа системот да гарантира '''конзистентна продажба и резервација на седишта''' односно да не може да се случи две различни резервации да завршат со исто седиште на ист лет, и да нема ситуација на '''overbooking''' (повеќе резервирани места од капацитетот на авионот). Покрај тоа, анализираме како системот треба правилно да се однесува при '''паралелни промени врз исти податоци''', како на пример: * промена на седиште * откажување резервација * промени во распоредот на летот. Овие операции во пракса често се случуваат истовремено од различни корисници и без трансакции и locking можат да доведат до неконзистентни резултати, „изгубени” промени или некоректен број на резервации. === Core transactional domain во airportdb '''booking''' – централната табела за резервации. Токму тука најчесто се појавуваат concurrency проблеми , бидејќи повеќе корисници можат истовремено да направат booking (или менуваат) на седишта за ист лет. [[Image(booking table image)]] '''flight''' - табела што го дефинира летот (од каде до каде, време на поаѓање и пристигнување, авиокомпанија и кој авион го извршува летот). Оваа табела е важна затоа што секоја резервација се врзува за конкретен лет, а промени во летот (на пример reschedule или промена на авион) имаат директно влијание врз валидноста на постоечките резервации. [[Image(flight table image)]] '''airplane''' - табела која го носи најважниот капацитетен параметар: capacity. Ова е основата за контролирање на overbooking. Дури и кога различни седишта се резервираат паралелно, системот мора да осигури дека вкупниот број резервации за летот не го надминува капацитетот на авионот кој го извршува летот. [[Image(airplane table image)]] Дополнително, постојат и '''поддржувачки табли''' кои се важни за реалистичност и traceability: * '''passenger''' и '''passengerdetails''' – иако не се директниот извор на concurrency проблемите, тие често учествуваат во транзакции (на пример при креирање нов патник + резервација во една атомска операција). * '''flight_log''' – корисна за audit (логирање на историја кој и кога направил промена). Во реални системи audit логиката е критична, особено при debugging на проблеми со конкурентност и при следење на промени во распоредите или атрибутите на летовите. === Дефинирани правила за конзистентност во airportdb Овие правила ја опишуваат „точната“ состојба на системот и служат како основа за дизајн на транзакции, заклучувања и ограничувања во базата. 1) Единственост на седиште по лет \\ 2) Почитување на капацитетот (без overbooking) \\ 3) Атомичност на промени (seat change / cancel) \\ 4) Reschedule без нарушување на капацитет \\