= Бекап и реставрација ---- == Бекап * Навигирајте во фолдерот ‘bin’ каде што ви е инсталирана PostgreSQL преку CMD (Run as Administrator)\\ * Извршете ја следната команда: pg_dump -U username -d dbname > dbname.sql\\ * На местото на “username” напишете го корисничкото име кое ги има сите привилегии, во случајот би било postgres\\ * На местото на “dbname” напишете го името на базата за која сакате да креирате бекап\\ * Опционално: може да специфицирате каде точно да се зачува dbname.sql датотеката, во случајот ќе се зачува во ‘bin’ фолдерот\\ * Во ‘bin’ фолдерот, ќе се креира SQL датотека во која што се наоѓаат сите команди кои треба да се извршат за да се рекреира вашата база до моментот кога е направен бекап-от\\ * За да креирате бекап и на корисниците, извршете ја следнава команда: pg_dumpall -U username –database=dbname –roles-only –no-owner -f roles_backup.sql\\ * На местото на “username” напишете го корисничкото име кое ги има сите привилегии, во случајот би било postgres\\ * На местото на “dbname” напишете го името на базата за која сакате да креирате бекап на корисниците\\ * Командата pg_dumpall, може да служи и за да се креира целосен бекап на сите бази\\ * Командата има исто така и опции, преку кои може да специфицирате на што точно сакате да направите бекап\\ * На официјалната документација има повеќе информации за секоја опција која што може да ја искористите со оваа командa\\ (https://www.postgresql.org/docs/current/app-pg-dumpall.html) == Реставрација * За да направите реставрација на базата за која што креиравте бекап потребно е да ја избришете базата, па да ја рекреирате\\ * Логирајте се на SQL Shell (psql за PostgreSQL)\\ * Извршете ги следниве команди:\\ * drop database dbname;\\ * create database dbname;\\ * На местото на “dbname” напишете го името на базата за која креиравте бекап\\ * Навигирајте во фолдерот ‘bin’ каде што ви е инсталирана PostgreSQL преку CMD (Run as Administrator)\\ * Извршете ја следнава команда: psql -U username -d dbname < dbname.sql\\ * На местото на “username” напишете го корисничкото име кое ги има сите привилегии, во случајот би било postgres\\ * На местото на “dbname” напишете го името на базата за која креиравте бекап\\ * Доколку SQL датотеката не се наоѓа во ‘bin’ фолдерот, тогаш ќе треба да ја напишете целосната патека каде што се наоѓа датотеката\\ * Откако ќе ја извршите претходната команда, ќе се направи реставрација на базата и ќе се додадат сите табели и записи кои постоеле до моментот кога е направен бекап-от. Сите додавања, промени и бришења кои се направени после бекап-от нема да бидат вратени\\ * За да извршите реставрација и на корисниците, извршете ја следнава команда: psql -U username -d dbname -f roles_backup.sql\\ * На местото на “username” напишете го корисничкото име кое ги има сите привилегии, во случајот би било postgres\\ * На местото на “dbname” напишете го името на базата за која креиравте бекап на корисници\\ == PITR (Point-in-time-recovery) == Автоматизација