= Проектна фаза 0: Опис на тема и проект == Име на проект: Бележник за дијабетичари === Опис на проект: - Дијабетскиот бележник го користат Дијабетичари и Доктори за кои се чуваат податоци за нивното име, презиме, матичен број(ЕМБГ), пол, и датум на раѓање. - За дијабетичарите дополнително се чуват податоци за типот на дијабетес и годината на неговото откривање. - Дијабетичарите може да внесуваат записи за измерениот шеќер, внесениот инсулин или оброк. - За измерениот шеќер се води евиденција во кое време е направено мерењето и која е вредноста на шеќер во крв, изразена во грама на mimol. - За внесениот инсулин се води евиденција кој тип на инсулин е внесен(името на инсулинот, кое е уникатно) и во која количина е внесен истиот, изразено во Интернационални единици (ИЕ – International Units). - За оброкот се евидентира која храна е составен и количината на истата храна изразена во грами. - За сите типови записи, заедничко е датата и времето за кое се однесува конкретниот запис. - Инсулинот има производител, име (кое е уникатно) и ознака за тоа дал станува збор за брзо делувачки или споро делувачки тип на инсулин(RAPID или BASAL). - За секоја ставка на храна се чуваат податоци за производителот, името на храната, количината на калории, јаглехидрати(и за кои од нив се шеќери), масти и протеини кои ги поседува на 100 грама, и гликемискиот индекс на храната. - За дијабетичарите се чуваат информации за количината на инсулински пенкала и ленти кои ги поседуваат. За секое парче на инсулинско пенкало и ленти се чува информацијата за рокот на употреба(краен рок). - Дополнително, Дијабетичарите можат да прикачуваат здравствени резултати во системот, а докторите може да издадат Факсимил за лекарства на некој дијабетичар. Во системот се чуваат електронски копии од документите. === Учесници во проектот: 1. Никола Торбовски – бр. Индекс: 151200 2. Кристијан Ристовски – бр. Индекс: 090810