Version 6 (modified by 7 days ago) ( diff ) | ,
---|
ЕР Дијаграм
Податочни побарувања
Ентитети
ARTICLE - ентитет кој чува податоци за артикли достапни во дистрибуцијата.
- article_id bigint, примарен клуч
- article_name string, задолжителен
- article_image string, задолжителен
- article_weight int, задолжителен
- article_price decimal, задолжителен
ARTICLE_UNIT - ентитет кој чува податоци за единки од артикл.
- unit_id int, примарен клуч
- unit_expiration_date date, задолжителен
- unit_serial_number string, задолжителен
- unit_batch_number string, задолжителен
- unit_manufacture_date date, задолжителен
- unit_cost_price decimal, задолжителен
CATEGORY - ентитет кој чува податоци за категории на артикли.
- category_id int, примарен клуч
- category_name string, задолжителен
CITY - ентитет кој чува податоци за градови.
- city_id int, примарен клуч
- city_name string, задолжителен
CUSTOMER - ентитет кој чува податоци за потрошувачи (специјализација од USER).
- customer_EDB int, задолжителен
- customer_company_name string, задолжителен
- customer_address string, задолжителен
- customer_open_time time, задолжителен
- customer_close_time time, задолжителен
- customer_representative_image string, задолжителен
DELIVERY - ентитет кој чува податоци за достави.
- delivery_id int, примарен клуч
- delivery_date_created date, задолжителен
- delivery_date date, задолжителен
DELIVERY_STATUS - ентитет кој чува податоци за можни состојби на достава (енумерација)
- delivery_status_id smallint, примарен клуч
- delivery_status_name string, задолжителен
- delivery_status_description string, задолжителен
DRIVER - ентитет кој ги претставува корисниците - возачи (специјализација од USER).
MANAGER - ентитет кој ги претставува корисниците - менаџери (специјализација од USER).
ORDERS - ентитет кој чува податоци за нарачки направени од некој потрошувач.
- order_id bigint, примарен клуч
- order_date date, задолжителен
- order_sum int, задолжителен
- order_fulfillment_date timestamp
ORDERS_STATUS - ентитет кој чува податоци за можни состојби на нарачка (енумерација)
- order_status_id smallint, примарен клуч
- order_status_name string, задолжителен
- order_status_description string, задолжителен
PRO_FORMA - ентитет кој чува податоци за про-фактури.
- pro_forma_id bigint, примарен клуч
- pro_forma_deadline date, задолжителен
- pro_forma_date_created date, задолжителен
PRO_FORMA_STATUS - ентитет кој чува податоци за можни состојби на про-фактура (енумерација)
- pro_forma_status_id smallint, примарен клуч
- pro_forma_status_name string, задолжителен
- pro_forma_status_description string, задолжителен
USERS - ентитет кој чува податоци за корисниците.
- user_id bigint, примарен клуч
- user_name string, задолжителен
- user_surname string, задолжителен
- user_email string, задолжителен
- user_mobile string, задолжителен
- user_image string
VEHICLE - ентитет кој чува податоци за возила со кои се вршат достави.
- vehicle_id int, примарен клуч
- vehicle_carry_weight int, задолжителен
- vehicle_service_interval int, задолжителен
- vehicle_kilometers int, задолжителен
- vehicle_last_service date
WAREHOUSE - ентитет кој чува податоци за магацини на дистрибуцијата.
- warehouse_id int, примарен клуч
- warehouse_address string, задолжителен
Релации
belongs_to - релација помеѓу WAREHOUSE и VEHICLE која означува дека едно возило припаѓа на некој магацин. Едно возило мора да припаѓа само на еден магацин, а еден магацин може да има 0 или повеќе возила.
creates_order - релација помеѓу CUSTOMER и ORDERS која означува креирање на една нарачка од страна на потрошувач. Еден потрошувач може да има 0 или повеќе нарачки а една нарачка мора да биде направена од еден потрошувач.
delivers - релација помеѓу DELIVERY и VEHICLE која означува кое возило ја врши одредена достава. Една достава мора да биде извршена од едно возило, а едно возило може да има извршено 0 или повеќе достави.
drives - релација помеѓу DRIVER и VEHICLE која означува кој возач одговара и управува со кое возило. Секој возач мора да има едно возило и секое возило мора да биде управувано од еден возач.
d_status - релација помеѓу DELIVERY и ORDER_STATUS која означува една достава во која состојба/статус е. Една достава може да има само еден статус во еден момент, еден статус може да има повеќе достави асоцирани со него.
from_category - релација помеѓу CATEGORY и ARTICLE која означува од која категорија е еден артикл. Еден артикл мора да има една категорија, а една категорија може да има 0 или повеќе артикли асоцирани со неа.
generates - релација помеѓу ORDERS и PRO_FORMA која означува од која нарачка е одредена про-фактура. Една про-фактура мора да биде асоцирана со една нарачка, а една нарачка може да има 0 или 1 про-фактура.
in_stock - релација помеѓу ARTICLE_UNIT и WAREHOUSE која означува една единка од некој артикл во кој магацин се наоѓа. Една единка мора да припаѓа на еден а може и на повеќе магацини, а еден магацин може да има 0 или повеќе единки од некој артикл.
located_in - релација помеѓу CITY и USER која означува од кој град е еден корисник. Еден град може да има 0 или повеќе корисници, а еден корисник мора да биде асоциран со еден град.
manages - релација помеѓу MANAGER и WAREHOUSE која означува кој менаџер управува со одреден магацин. Еден менаџер мора да управува само со 1 магацин и 1 магацин мора да биде управуван од само 1 менаџер.
order_contains - релација помеѓу ORDERS и ARTICLE_UNIT која означува една нарачка кои единки од некој артикл ги содржи. Една нарачка мора да има барем 1 единка од некој артикл, а една единка од артикл може да биде асоцирана само со 1 нарачка.
o_status - релација помеѓу ORDERS и ORDER_STATUS која означува една нарачка во која состојба/статус е. Една нарачка може да има само еден статус во еден момент, еден статус може да има повеќе нарачки асоцирани со него.
pf_status - релација помеѓу PRO_FORMA и PRO_FORMA_STATUS која означува една про-фактура во која состојба/статус е. Една про-фактура може да има само еден статус во еден момент, еден статус може да има повеќе про-фактури асоцирани со него.
shipping - релација помеѓу ORDERS и DELIVERY која означува која нарачка со која достава ќе се достави. Една нарачка мора да припаѓа на само една достава, а една достава мора да има барем 1 нарачка.
unit_of_article - релација помеѓу ARTICLE и ARTICLE_UNIT која означува од кој артикл е една единка-артикл. Една единка артикл мора да припаѓа на само 1 артикл, а еден артикл може да има 1 или повеќе единки.
warehouse_location - релација помеѓу WAREHOUSE и CITY која означува во кој град се наоѓа еден магацин. Во еден град може да има 1 или повеќе магацини, а еден магацин мора да биде од само 1 град.
Историјат
Верзија 3 (актуелна)
DistributorApp_DB_Scheme_ver3.png
Промени во однос на Верзија 2:
- Енумерациите 'status' за DELIVERY, ORDERS и PRO_FORMA се направени ентитети со потребни релации помеѓу соодветните ентитети.
- Променета кардиналност на релацијата помеѓу WAREHOUSE и ARTICLE_UNIT
- Променет тип на учество на релацијата помеѓу ORDERS и DELIVERY
- Додадени соодветни атрибути на новите ентитети и додадени атрибути user_image, vehicle_last_service
Верзија 2
DistributorApp_DB_Scheme_ver2.png
Промени во однос на Верзија 1:
- Додаден е ентитет - ARTICLE_UNIT
- Додадени се сите потребни атрибути
Верзија 1
Attachments (3)
-
DistributorApp_DB_Scheme_ver2.png
(183.9 KB
) - added by 7 days ago.
Слика од ЕР дијаграмот - верзија 2
- DistributorApp_DB_Scheme_ver3.png (233.9 KB ) - added by 7 days ago.
- DistributorApp_DB_Scheme_ver1.png (134.1 KB ) - added by 6 days ago.
Download all attachments as: .zip