== Дефинирање на проектот Конкурирањето на **AI Song Contest** со креирање на наша песна звучење доста примамливо, па одлучивме истото да го изработиме. Најпрво разгледавме какви се алатки се достапни и што овозможуваат истите. Првичната идеја за генерирање на пеење беше да користиме [https://github.com/NVIDIA/mellotron Mellotron], но поради тоа што беше потребно да се истренира моделот, е застарен и делумно не сакаше да функционира, ниту пак да се надгради на модерни верзии на Tensorflow, заедно со краткиот временски рок, одлучивме да користиме нешто поедноставно и побрзо. Како алтернативи ги најдовме наредните апликации: - Uberduck - https://uberduck.ai - Kits.AI - https://app.kits.ai - Voicemod - https://www.voicemod.net/text-to-song - ControllaVoice - https://www.controlla.xyz/voice - Lyrebird - https://www.descript.com/lyrebird но дел од нив бараа да се плати за користење или имаа некаков систем на кредити за наједноставна синтетизација на глас. Потоа, одлучивме дека ќе ги користиме алатките **Fl Studio** за инструменталниот дел и **Uberduck** за гласовниот дел, како и **Audacity** на крај и со помош на нивна комбинација да ги изработиме сите делови кои што се потребни за една песна. Се договоривме прво да го изработиме инструменталниот дел, потоа соодветно да генерираме текст за изработената мелодија и со помош на вештачка интелигенција да се изгенерира глас и да се изработи гласовниот дел на самата песна, за на крај да се направи микс и мастер.