== ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ Конкурирањето на **AI Song Contest** со креирање на наша песна звучење доста примамливо, па одлучивме истото да го изработиме. Најпрво разгледавме какви се алатки се достапни и што овозможуваат истите. Потоа, одлучивме дека ќе ги користиме алатките **Muzic** и **Mellotron** и со помош на нивна комбинација да ги изработиме сите делови кои што се потребни за една песна. Двата главни дела на песната се инструменталниот дел и гласовниот дел. Се договоривме прво да го изработиме инструменталниот дел, потоа соодветно да генерираме текст за изработената мелодија и на крај со помош на вештачка интелигенција да се изработи гласовниот дел на самата песна.