== ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ Конкурирањето на **AI Song Contest** со креирање на наша песна звучење доста примамливо, па одлучивме истото да го изработиме. Најпрво разгледавме какви се алатки се достапни и што овозможуваат истите. Првичната идеја за генерирање на пеење беше да користиме [https://github.com/NVIDIA/mellotron Mellotron], но поради тоа што беше потребно да се истренира моделот, е застарен и делумно не сакаше да функционира, ниту пак да се надгради на модерни верзии на Tensorflow, заедно со краткиот временски рок, одлучивме да користиме нешто поедноставно и побрзо. Како алтернативи ги најдовме наредните апликации: - Uberduck - https://uberduck.ai - Kits.AI - https://app.kits.ai - Voicemod - https://www.voicemod.net/text-to-song - ControllaVoice - https://www.controlla.xyz/voice - Lyrebird - https://www.descript.com/lyrebird но дел од нив бараа да се плати за користење или имаа некаков систем на кредити за наједноставна синтетизација на глас. Потоа, одлучивме дека ќе ги користиме алатките **Muzic** и **Uberduck**, како и **Audacity** на крај и со помош на нивна комбинација да ги изработиме сите делови кои што се потребни за една песна. Двата главни дела на песната се инструменталниот дел и гласовниот дел. Се договоривме прво да го изработиме инструменталниот дел, потоа соодветно да генерираме текст за изработената мелодија и на крај со помош на вештачка интелигенција да се изгенерира глас и да се изработи гласовниот дел на самата песна.