= Дефинирање на проектот == Членови на тимот ||= Име и Презиме ||= Индекс ||= Улога || || Александар Милошевски || 231138 || Координатор || || Исидора Кузмановска || 231052 || Член на тимот || || Андон Михајлов || 231016 || Член на тимот || == Краток опис на проектот !DriveNet претставува веб апликација за споделување на возила и совозачество (carpooling). Во базата на податоци ќе се чуваат информации за корисниците поделени во две улоги — возачи и патници, возилата со нивните производители и модели, рутите со дефинирани меѓустаници, резервациите, оценувањата меѓу корисниците и известувањата. Апликацијата им овозможува на возачите да објавуваат рути со слободни места и цена по километар, а патниците можат да пребаруваат рути и да резервираат места до посакуваната дестинација. Системот поддржува алгоритам за рамномерна поделба на трошоците за гориво меѓу патниците, со цел да им олесни на возачите да знаат колку да наплатат. Плаќањето е исклучиво во готово. == Детален опис на проектот '''За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис?''' - Апликацијата е наменета да биде управувана од компанија или стартап кој ја нуди платформата за совозачество како сервис. Компанијата е одговорна за одржувањето на базата, безбедноста на корисничките податоци и достапноста на услугата. '''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?''' - !DriveNet го решава проблемот на скапиот и неорганизиран индивидуален превоз, особено на подолги рути меѓу градови. Им помага на возачите да ги покријат трошоците за гориво, а на патниците да патуваат поевтино и поудобно во споредба со јавниот превоз. '''Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?''' - Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници: - '''Возачи''' — регистрирани корисници кои поседуваат возило и објавуваат рути со слободни места - '''Патници''' — регистрирани корисници кои бараат и резервираат места во возила - '''Администратори''' — управуваат со платформата, верификуваат корисници и возила и решаваат спорови '''Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?''' - Постојат слични платформи во светот (BlaBlaCar, Rideshare). !DriveNet се разликува по тоа што е наменет специфично за локалниот пазар, поддржува детална дефиниција на меѓустаници по рута, и го имплементира алгоритмот за поделба на трошоците директно во базата на податоци. Плаќањето е исклучиво во готово — без онлајн транзакции. '''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''' - Се работи за веб апликација достапна преку прелистувач.