= Дефинирање на проектот == Членови на тимот ||= Име и Презиме ||= Индекс ||= Улога || || Александар Милошевски || 231138 || Координатор || || Исидора Кузмановска || 231052 || Член на тимот || || Андон Михајлов || 231016 || Член на тимот || == Краток опис на проектот !DriveNet е веб-платформа наменета за споделување превоз и организирање заеднички патувања (carpooling). Системот овозможува евиденција на корисници (возачи и патници), нивните возила, специфични рути со меѓустаници, како и систем за резервации и меѓусебно оценување. Главната идеја е возачите да ги објавуваат своите планирани патувања со слободни места и цена, додека патниците да можат лесно да ги пронајдат и резервираат. Специфичност на апликацијата е вградениот алгоритам кој автоматски ги пресметува и распределува трошоците за патарини и гориво меѓу сите патници на одредена релација. Сите плаќања се вршат исклучиво во готово, директно кај возачот. == Детален опис на проектот '''За кого е наменета базата на податоци и проектот, односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис?''' - Платформата е замислена како сервис управуван од стартап или компанија која би делувала како посредник. Таа би била одговорна за техничкото одржување на серверите, заштитата на податоците и верификацијата на корисниците. '''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?''' - !DriveNet го решава проблемот со високите трошоци за индивидуален превоз и слабата поврзаност меѓу градовите со јавен транспорт. На возачите им овозможува да ги намалат трошоците за пат, а на патниците им нуди побрза и пофлексибилна алтернатива на автобускиот и железничкиот превоз. '''Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?''' - Во системот се дефинирани три главни нивоа на пристап: - '''Возачи''' — корисници кои нудат превоз со сопствено возило. - '''Патници''' — корисници кои пребаруваат и резервираат слободни места. - '''Администратори''' — вработени во сервисот кои ги контролираат огласите, верификуваат возачки дозволи и решаваат евентуални пријави за несоодветно однесување. '''Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?''' - Иако постојат светски гиганти како BlaBlaCar, !DriveNet е фокусиран на локалните потреби. Главната разлика е во деталниот систем за меѓустаници (можеш да влезеш во еден, а да излезеш во друг град на истата рута) и логиката за пресметка на цената која е вградена директно во базата. Исто така, системот е прилагоден за пазари каде готовината е сè уште доминантен начин на плаќање. '''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''' - Проектот се развива како веб-апликација, оптимизирана за користење и преку десктоп и преку мобилни прелистувачи.