wiki:Interview

Интервју со вработени во градот Скопје

Ние: Дали градот Скопје има потреба од информациски систем за изнајмување на велоспиеди?(го постатвуваме ова прашање за да се види дали има потреба да се имплементира овој систсем)

Вработениот: Потребата од алтернативно средство за транспорт е секогаш добредојдена во еден ваков голем град и мислам дека еден ваков систем би бил од голема корист кај граѓаните.

Ние: Дали градот Скопје планира да воведен информациски систем за изнајмување на велоспиеди?(го постатвуваме ова прашање да се види дали има заинтересираност од градот скопје за ваков систем)

Вработениот: Во моментов не, како што знаете во 2011 воведовме проект за изнајмување на велоспиеди но по седум години , проектот е во прекин поради неисправност на велоспиедите и нивна кражба за сега нудиме само субвенции за купување велосипеди.

Ние: Што мислите како би се заштитиле од овие незгоди ?(го постатвуваме ова прашање за да се подобри безбедноста на идниот систем)

Вработениот: Со воведување на поголема контрола можеби на некаков начин да се известат надлежните дека велосипедот не е исправен од страна на корисниците и да се поправи, додека за кражбата некакво решение кое ќе може да се најде крадецот да му се одземе велоспиедот и да биде соодветно казнет.
Преглед на известувања од корисниците
Ние: Што мислите дека треба да содржи овој систем?(го постатвуваме ова прашање за да се набројат сите потреби од страна на вработените во градот Скопје)

Вработениот: Најпрво следење на секој велоспиед како мерка против кражба потоа идентификација на корисникот кој ќе го користи велосипедот доколку направи некој прекршок да биде контактирано соодветното лице, евиденција на секој точак со тоа ќе знаеме каде ни се велоспиедите дали се сите на број колку слободни велоспиеди има, дополнително би не интересирало пријавување на некоја техничка несиправност доколку постои со тоа ќе знаеме каде има неисправен велосипед и ќе го поправиме и го намалиме бројот на неисправни велосипеди.
Праќање известувања за техничка неисправност на велосипедот
Добивање на известување од Администраторот за поправки на велосипеди

Ние: Дали постои патна инфраструктура за имплементација на еден ваков систем?(го постатвуваме ова прашање за да видиме дали има услови за користење на системот )

Вработениот: Ние во континуитет работиме на подобрување на условите за користење на велосипедот како превозно средство, преку реконструкција на постоечките и изградба на нови велосипедски патеки. Сите поголеми реконструкции на улици и булевари, како и изградба на нови сообраќајници во своите проекти предвидуваат и реконструкција или изградба на велосипедски патеки. За оваа цел во буџетот на Град Скопје за 2018 година се предвидени 30 милиони денари.Во моментов се реконструираат велосипедските патеки на поголем број локации, како што се булеварите „8 Септември“, „Кочо Рацин“, улиците „Ѓорче Петров“, „Втора македонска бригада“…

Ние: Дали граѓаните кој користат велоспиеди во градот СКопје се безбедни?(го постатвуваме ова прашање за да видиме дали има услови за користење на системот)

Вработениот: Покрај реконструкцијата и изградбата на велосипедски патеки, Град Скопје преку јавното претпријатие „Улици и патишта“ изминатиов период работи и на зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите преку поставување заштитни столпчиња на велосипедските патеки по улиците и булеварите во централното градско подрачје. Со ова се спречуваат несовесните возачи да ги паркираат нивните возила на велосипедските и пешачките патеки со што се избегнува било каков конфилкт, за безбедноста треба да бидат свесни и самите велосипедисти да носат заштитна кацига и да ги почитуваат сообраќајните правила .

Ние: Благодарам за одвоеното време.

Вработениот: Нема проблем.


Интервју со случаен граѓанин во Скопје

1.Кое превозно средство најчесто го користите?(го постатвуваме ова прашање за да видиме колку потенцијални корисници би имале)
А)Кола
Б)Автобус
В)Електричен тротинет
Г)Велосипед
Д)Мотор
Одговор: Користам велосипед секој ден бидејќи така стигнувам до работа.

2.Колку е одалечено вашето работно место од местото на живеење?(го постатвуваме ова прашање видиме колку потенцијални корисници би имале )
А)До 2км
Б)Од 2км до 5км
В)Од 6км до 10км
Г)Повеќе од 10км
Одговор: Околу 5км.

3.Дали имате велосипед?(го постатвуваме ова прашање видиме колку потенцијални корисници би имале )
А)Да
Б)Не
Одговор: Не

4.Дали сметате дека има доволно велосипедски патеки низ градот?(го постатвуваме ова прашање за да видиме дали би имало услови за користење на системот)
А)Да
Б)Не
Одговор: Да, има доволно. Целиот превоз од одма до работа го правам на велосипедска патека.

5.Дали доколку немате велосипед би изнајмиле од градот за да го користите при транспорт низ градот?(го постатвуваме ова прашање за да видиме колку потенцијални корисници би имал системот)
А)Да
Б)Не
Одговор: Би изнајмил велосипед доколку велосипедот или велосипедската станица се наоѓа во мојата непосредна близина.
Изнајмување на велосипед без Резервација

6.Дали сметате дека има гужви во сообраќајот?(го постатвуваме ова прашање за да видиме дали има потреба од воведување на ваков систем)
А)Да
Б)Не
Одговор: Да

7.Колку често возите велосипед за рекреација?(го постатвуваме ова прашање за да видиме дали има потреба од воведување на ваков систем )
А)Не возам велосипед за рекреација
Б)1-2 пати во месецот
В)3-5 пати во месецот
Г)6-10 пати во месецот
Д)Повеќе од 10 пати во месецот
Одговор: 3-5 пати во месецот

8.Кој ви е најлесен и наједноставен начин на регистрација и најава како корисник за да изнајмите велосипед?(го постатвуваме ова прашање за да знаеме како да ги регистрираме корисниците)
А)Преку апликацијата
Б)Преку пополнување на формулари во општината
В)Со клуб картичка
Одговор:Па преку апликацијата

9.Како сметате дека е најдобро да се информира корисникот за тоа каде има достапни велосипеди?(го постатвуваме ова прашање за да знаеме како да ги информираме корисниците за достапните велосипеди)
А)Достапните велосипеди да се наоѓаат на одредено место познато како станица на велосипеди и низ градот да има повеќе вакви станици.
Б)Велосипедите да може да се оставаат на било која локација и корисникот преку апликацијата да може на мапа да ја види локацијата на скеој достапен велосипед.
Одговор:Би било супер доколку корисниците би можеле да ги остават велосипедите по нивното користење на било која локација но така би било потешко за пронаоѓање
па затоа би предложил да се оставаат на веќе означени места.

10.Што предлагате доколку двајца би сакале да го земат достапниот велосипед во исто време или доколку корисникот не се наоѓа во непосредна близина на велосипедот а би сакал да го користи и притоа никој да не го земе?(го постатвуваме ова прашање за да знаеме како најлесно корисниците би се справиле со проблемот )
Одговор:Затоа би предложил начин со кој преку апликацијата корисникот би можел да го резервира достапниот велосипед и притоа ќе се избегнат тие непосакувани настани.
Изнајмување на велосипед со Резервација

11.Каде би сакале да се врши плаќањето?(го постатвуваме ова прашање за да дознаеме омилениот начин на плаќање на корисниците)
А)Преку автомат за наплата кој што се наоѓа кај самите станици од каде што се зема велосипедот
Б)Плаќање преку апликацијата
Одговор:За да се избегнат гужвите и чекањето ред за наплата, подобро би било секој корисник да може плаќањето да го направи преку апликацијата.

12.Каде сметате дека е најсоодветно да се прикаже мапата на станици?(го постатвуваме ова прашање за да знаеме како да ги информираме корисниците за локациите на станиците )
А)На веб страната на општината
Б)На мобилната апликација
В)Мапа која се наоѓа кај станиците
Одговор:Би било добро секој да може да ја види мапата во било кое време од било кое место па затоа најсоодветно би било мапата да се прикажува на мобилната апликација

13.Како сакате да бидете известени од овој систем доколку направите прекршок?(го постатвуваме ова прашање за да знаеме како корисниците најлесно би ја примиле информацијата)
А) преку известувања на самата апликација
Б) преку телефонски повик
В) преку е-маил пошта
Г) преку порака
Одговор:Мислам дека преку известувања би било најбрзо

14.Што дополнително би сакале да содржи апликацијата?(го постатвуваме ова прашање за да се набројат сите потреби од страна на корисниците)
Одговор:Поради тоа што долго време се занимавам со велосипедизмот и здравиот начин на живот би сакал да можам да видам со колкава брзина се движам, колку калории имам потрошено за колкаво време.


Last modified 16 months ago Last modified on May 31, 2019, 2:30:34 PM
Note: See TracWiki for help on using the wiki.