wiki:toni2

Студија на изводливост

  1. Економска изводливост:

Со следнава анализа ќе покажам дека оваа инвестиција ќе биде профитабилна(цената е во евра) Платата на веб девелоперот за изработка на овој подсистем ќе биде 400 евра. За одржување на базата на податоци која овој систем ќе ја користи потребни се 25евра.

Време1месец2месец3месец4месец5месец6месец7месец8месец9месец10месец11месец12месец
Развој4004000000000000
Одржување252525252525252525252525
Трошок425425425252525252525252525
Вкупен продонес од изнајмување732073207320732073207320732073207320732073207320
Вкупен продонес689568956895729572957295729572957295729572957295

за дневни 1.500 корисници и 10ден од час ќе заработиме 244 евра на ден.Тоа е околу 7320 евра месечно

  1. Техничка изводливост

Овој систем има доста добра техничка изводливост поради тоа што во денешно време скоро секаде има интернет и секој човек односно потенцијален корисник има мобилен телефон со кој може да го користи системот за пријавување на некаков проблем. Поради тоа сметам дека користењето на овој систем не би им претставувало проблем на корисниците туку нпротив би било многу лесно и едноставно.

  1. Операциона изводливост

Поради тоа што секој велосипед ќе биде интензивно користен секој ден од најразлични луѓе односно корисници има голема веројатност да се појават некакви оштетувања на самиот велосипед. Во овој случај корисникот ќе биде во можност да го пријави тоа оштетување. Пријавувањето на оштетување значи дека штетата е направена од корисникот кој што го користел велосипедот пред оној корисник кој што го пријавил. Бидејќи секој корисник кој ќе го оштети велосипедот ќе мора да плати одреден износ за својата направена штета тогаш секој корисник е приморан да пријави оштета доколку забележи дека велосипедот е оштетен пред почетокот на возењето доколку не сака тој самиот да биде пријавен дека го оштетил велосипедот од следниот корисник на истиот велосипед. Поради ова правило сметам дека овој систем е од големо значење бидејќи на тој начин секој корисник ќе има поголема свест да не ги оштетува велосипедите при користењето и притоа администраторите секогаш ќе бидат информирани за настанатите штети и ќе можат соодветно и навремено да се справат со тие проблеми.

  1. Временска изводливост

I Активност: Планирање на барања - Итерација бр.1
Времетраење: 3-4дена
Подактивности:
Опис на кориснички барања
Изработка на визијата на системот
Дефинирање на целите и ограничувањата на системот
Дефинирање Use case

II Активност: Кориснички дизајн - Итерација бр.1
Времетраење: 5-7дена
Подактивности:
Дефинирање на кориснички дизајн

III Активност: Кориснички дизајн - Итерација бр.2
Времетраење: 3-5дена
Подактивности:
Комуникација со клиентите и вршење поправки на кориснички дизајн
Дефинирање на кориснички дизајн

IV Активност: Кориснички дизајн - Итерација бр.3
Времетраење: 3-5дена
Подактивности:
Комуникација со клиентите и вршење поправки на кориснички дизајн
Дефинирање на конечен кориснички дизајн

V Активност: Конструкција- Итерација бр.1
Времетраење: 2 недели
Подактивности:
Дизајн и имплементација на корисничките барања

VI Активност: Конструкција- Итерација бр.2
Времетраење: 2 недели
Подактивности:
Дизајн и имплементација на корисничките барања
Креирање прв прототип

VII Активност: Конструкција- Итерација бр.3
Времетраење: 2 недели
Подактивности:
Тестирање на корисничките барања и поправање грешки
Креирање финален прототип

VIII Активност: Пресек- Итерација бр.2
Времетраење: 2 недели
Подактивности:
Испорака на софтверското решение
Обука на вработените

Вкупно траење: 74 денови 10.5 недели ~ 2.6 месеци

Last modified 16 months ago Last modified on Jun 2, 2019, 12:45:58 PM

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.