wiki:toni3

Методологија на развој

Овој подсистем ќе се развива користејќи Rapid application development (RAD). RAD е агилна стратегија за управување со проекти и е доста популарна во развојот на софтвер.
Клучниот бенефит од овој пристап е брзо завршување на проектот што го прави атрактивен избор за програмери кои работат во брза средина како развој на софтвер. Ова брзо темпо е овозможено со фокусирање на RAD на минимизирање на фазата на планирање и максимизирање на развојот на прототипите. Со намалување на времето за планирање и давање поголем фоккус на прототичките итерации, RAD им овозможува на проект менаџерите и засегнатите страни точно да го мерат напредокот и да комуницираат во реално време за развојните проблеми или промени. Ова резултира со поголема ефикасност, побрз развој и ефикасна комуникација.
Овој процес на развој произведува висококвалитетен систем со ниски инвестициски трошоци. RAD процесот им овозможува на програмерите брзо да се прилагодат на менувањето на барањата во брз и постојано променлив пазар. Можноста за брзо прилагодување е она што овозможува толку ниска инвестициска цена.

RAD содржи четири фази:

  • Планирање на барања
  • Кориснички дизајн
  • Конструкција
  • Пресек

Фазите на дизајнот и конструкција се повторуваат се додека корисникот не потврди дека производот ги исполнува сите барања.

Фази на развој

Фаза 1: Планирање на барања
Оваа фаза е еквивалентна на состанок за утврдување на обемот на проектот. Иако фазата на планирање е кратка во споредба со другите методологии за управување со проекти, ова е критичен чекор за крајниот успех на проектот. Во оваа фаза програмерите, клиентите (корисниците на софтвер) и членовите на тимот комуницираат за да ги одредат целите и очекувањата за проектот, како и актуелните и потенцијалните прашања кои ќе треба да се решат за време на развојот.

Оваа фаза вклучува:

  • Истражување на тековниот проблем
  • Дефинирање на барањата за проектот
  • Финализирање на барањата со одобрение од секој учесник

Важно е секој да има можност да ги оцени целите и очекувањата за проектот. Со добивање на одобрение од секој клучен учесник и инвеститор, тимовите можат да избегнат несоодветни комуникации и скапи промени во текот на развојот.

Фаза 2: Кориснички дизајн
Откако проектот ќе се осмисли, доаѓа време за развој на корисничкиот дизајн преку разни прототипови на повторувања. Ова е дел од методологијата RAD кој го издвојува од другите стратегии за управување со проекти. За време на оваа фаза, клиентите работат заедно со програмерите за да се осигурат дека нивните потреби се исполнети во секој чекор во процесот на дизајнирање. Тоа е речиси како прилагодлив развој на софтвер каде што корисниците можат да го тестираат секој прототип на производот, во секоја фаза, за да се осигураат дека ги исполнува нивните очекувања.

Сите грешки се поправени во итеративен процес. Девелоперот дизајнира прототип, клиентот (корисникот) го тестира, а потоа се среќаваат за да комуницираат за она што е направено и за она што треба да се направи. Овој метод им дава на програмерите можност да го прилагодат моделот додека го развиваат се додека не постигнат задоволителен дизајн односно дизајн од кој крајните корисници се задоволни. И развивачите на софтвер и клиентите учат од искуството за да се осигураат дека нема потенцијал за нешто да се пропушти.

Фаза 3: Конструкција
Оваа ги зема прототипите од фазата на дизајнирање и ги претвора во функционален модел. Бидејќи најголем дел од проблемите и промените беа опфатени во текот на темелната итеративна фаза на дизајнирање, програмерите можат да го конструираат конечниот работен модел побрзо отколку што би можеле со следење на традиционалниот пристап за управување со проекти. Оваа фаза ја сочинуваат неколку помали чекори:

  • Подготовка за брз развој
  • Развој на апликацијата
  • Кодирање
  • Интеграциско и системско тестирање

Тимот за развој на софтвер од програмери, кодери, тестери работат заедно во оваа фаза за да се осигураат дека се работи без проблеми и дека крајниот резултат ги задоволува очекувањата и целите на клиентот. Оваа трета фаза е важна бидејќи клиентот се уште има можност да дава забелешки за целиот процес. Тие можат да сугерираат измени или да предложат нови идеи кои можат да ги решат проблемите што се појавуваат.

Фаза 4: Пресек
Ова е фазата каде што готовиот производ ќе се пушти во употреба. Тоа вклучува конверзија на податоци, тестирање и промена на новиот систем, како и обука на корисниците. Сите крајни промени се прават додека кодерите и клиентите продолжуваат да бараат грешки во системот.

RAD е најефикасен за проекти со добро дефинирана бизнис цел и јасно дефинирана корисничка група. Овој процес на развој е особено корисен ако проектот е од мал до среден обем и има кратки рокови. Сепак овој процес бара стабилен тимски состав со високо квалификувани програмери. Длабокото знаење е од суштинско значење кога се работи во кратки временски рокови каде што се бара одобрение по секоја фаза на изградба.

Предности на RAD:

Подобар квалитет
Со тоа што корисниците комуницираат со развојните прототипови, бизнис функционалноса на проектот кој користи RAD како развојна методологија често може да биде многу повисока од онаа на модел на водопад. Софтверот може да биде повеќе употреблив и има подобра шанса да се фокусира на бизнис проблемите кои се критични за крајните корисници наместо технички проблеми кои се од интерес за развивачите.

Контрола на ризик
Иако голем дел од литературата за RAD се фокусира на брзината и вклученоста на корисниците, важна карактеристика на RAD е намалување на ризикот. Со RAD, можете да се фокусирате на ризиците уште одпочетокот на процесот и да продолжите да разговарате за нив како што продолжува развојот. Ризиците може исто така да се откриваат за време на развојот и веднаш можат да се решат. Во други модели, ризиците не се откриваат лесно се додека не се појави конечната верзија.

Повеќе проекти завршени на време и во рамките на буџетот
Со фокусирање на развојот на поединечните единици се намалуваат шансите за катастрофални неуспеси што може да биде случај користејќи го водопад моделот. Со Водопад моделот вообичаено е да се сфати по шест или повеќе месеци анализи и развој дека на системот му е потребно целосно радикално преиспитување. Со RAD овој вид на информација може да се открие и постапи соодветно многу претходно во процесот на развој.

Клиентите добиваат функционален производ испорачан во пократка временска рамка
Оваа карактеристика им овозможува на развивачите на софтвер да добијат повратни информации од корисниците за тоа дали развојот на нивниот софтверот се движи во добра насока.

Сумирано
Бидејќи целиот проект е поделен на модули и секој модул се третира како посебен прототип, времето поминато во доставувањето е значително намалено. Секој прототип е подложен на посебна фаза на тестирање и на крај сите компоненти се спојуваат заедно за да се креира конечната апликација. Ова обезбедува побрза испорака на софтверот со помалку багови.

Last modified 16 months ago Last modified on Jun 5, 2019, 7:00:40 PM

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.