wiki:toni4

Методски техники и алатки

Еве 5 алатки кои помагаат во развојот кој користи РАД како методологија за развој на софтвер.

1. Zoho Creator https://www.zoho.com/creator/

Zoho Creator е еден од најпопуларните РАД алатки за развој на апликации. Има обемна листа на функции за да се креира бизнис веб-алатки и можност да се прилагодат на било каков начин. Една од најголемите карактеристики е drag-and-drop интерфејс, овозможувајќи им дури и на бизнис корисници да креираат апликации без да мора да знаат како да кодираат. Неискусните корисници можат да користат претходно изградени модули кои имаат специфични функционалности кои што ги сакаат. Исто така, постојат алатки за собирање податоци, дизајнирање на работни процеси и поставување уникатни правила за секоја нова апликација. Сето ова го прави Zoho Creator еден од најпопуларните РАД апликации за веб развој на пазарот.

2.Kissflow https://kissflow.com/

Една од најдобрите РАД апликации на пазарот, Kissflow е комплетен пакет за управување со бизнис процеси дизајниран да ви овозможи да креирате сопствени работни процеси или да ги прилагодувате претходно изградените шаблони според вашите потреби.Kissflow верува во идејата дека се што е можно треба да биде едноставно и лесно да се користи. Тоа се рефлектира во софтверот, кој е дизајниран да биде лесен за користење за секого. Има една единствена функција за најава која овозможува да работите од било каде и да користите било кој уред. Има дури и апликации за Android и iOS кои можете да ги користите преку вашиот паметен телефон. Вградените напредни алатки за изработка на извештаи и аналитики ви ги даваат сите потребни информации. Ова ја отстранува потребата за дополнителни алатки за изработка на извештаи кога ви се потребни метрики за пресметување и мерење на перформансите.

Уште една одлична функционалност на Kissflow е способноста да се интегрира со алатки со користење на Zapier. Значи, ако сакате да користите одредена алатка, Kissflow лесно ќе се интегрира со неа, без потреба од дополнително кодирање.

3.OutSystems https://www.outsystems.com/

OutSystems е платформа дизајнирана да работи со RAD методологија. OutSystems им дава на програмерите високо квалитетни алатки што им се потребни за брзо и ефикасно креирање, распоредување и управување со апликациите. Едно нешто што ги издвојува OutSystems од други РАД алатки е фактот што целосно ги користи интеграциите и го олеснува поврзувањето со други алатки. Ако сакате да користите повеќе системи за други делови од вашата работа, OutSystems лесно ќе се интегрира со овие алатки за да ви даде полесно искуство за развој. Кога станува збор за РАД алатки, OutSystems е извонреден поради тоа што ја опфаќа филозофија на брзиот развој на апликации со брзо прототипирање и постојан фидбек и комуникација за да се изгради секоја посакувана функција.

4.Bizagi https://www.bizagi.com/

Bizagi е исклучително корисна РАД алатка. Bizagi се користи за автоматизирање на бизнис процеси и креирање на прилагодени работните процеси. Тој е има доста огромни придобивки како симулатор на процеси, дизајнер, алатки за соработка со вашиот тим и многу повеќе. Можете исто така да креирате сопствени извештаи и аналитики со кои што можете да го измерите растот на вашата продуктивност. Ако се наоѓате на пазарот барајќи алатки за управување со бизнис процеси кои што ги покриваат вашите РАД потреби за развој тогаш оваа алатка вреди да се погледне.

5. Appian https://www.appian.com/ Appian дава голема важност за брз и лесен развој. Ова ја прави една од најпознатите РАД алатки на пазарот. Оваа алатка нуди решенија кои се повеќе drag-and-drop отколку sit-and-code. Ова ја прави неверојатно добра за корисници кои што немаат знаења од областа на кодирањето. Исто така, овозможува лесна интеграција со други алатки по ваш избор. Appian е скалабилен според вашите потреби, без разлика дали сте компанија со 10 корисници или 10.000 корисници.

Last modified 16 months ago Last modified on Jun 2, 2019, 4:34:57 PM

Attachments (16)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.