wiki:ProektenPlan/ProektenPlan1

Version 11 (modified by 13828, 10 years ago) ( diff )

--

Содржина

1. Преглед на проектот

1.1 Дефинирање на проблемот
1.2 Цели на проектот
1.3 Опсег на проектот
1.4 Претпоставки
1.5 Ограничувања

2.Овластувања и клучни задачи на проектот

2.1 Финансирање
2.2 Надзорни органи на проектот
2.3 Активности на проектот

3.Организирање на проектот

3.1 Структура на проектот
3.2 Улоги и задачи
3.3 Проектни ресурси

poseben link! wbs 4. Контакти

5. Речник

tekst 3

tekst 4

tekst 5

1.1 Дефинирање на проблемот

Проблемот е опишан во визијата за овој проект.

1.2 Цели на проектот

Овој дел ги опишува целите на проектот и ја поврзува секоја од нив со мерливите цели кои треба да се остварат во рамки на проектот.

No. Goals Objectives
1.Да им се овозможи на корисниците- потрошувачи онлајн алатка преку која ќе можат на брз и едноставен начин да нарачаат производ од менито на сендвичарата Создавање на онлајн систем- веб апликација преку која корисникот ќе има преглед на нарачките кои ги нуди сендвичарата, и ќе може да одбере по желба и да нарача по електронски пат.
2.Да им се овозможи на корисниците следење на својата нарачка.Интегрирана компонента во апликацијата преку која што тие би го следеле времето за кое нивната нарачка би била готова за да имаат предвид кога да ја подигнат без премногу да чекаат
3.Да им се овозможи на вработените во сендвичарата да имаат редовна евиденција на нарачани производи во секое време, и во исто време, заменувајќи го претходниот процес кој се одвивал по телефонски пат кога се примале помалку нарачки во единица време. Компонента во системот на вработените преку која се појавуваат веднаш нарачките кои се направени од страна на корисниците, корисниците го следат времето за изготвување на производот.
4.Да се овозможи следење на преостанати залихи на намирници од страна на назначените вработени за тоа.Интегрирана SCM компонента во системот со чија помош вработениот ќе следи кога ќе треба да се нарачаат нови намирници. Можност за статистички пресметки за потрошувачка на произвоиди.

1.3 Опсег на проектот Овој продукт ќе опфаќа брза нарачка во секое време и од секаде. Со тоа се зголемува бројот на корисници. Исто така се скратува времето за нарачка со што се зголемува квалитетот на услугата. Се добива поголема прегледност на нарачките и намирниците кои се достапни и кои треба да се нарачаат. Project Includes

1. Со оваа апликација корисниците – потрошувачи ќе можат да нарачаат производ во секое време без да одат директно во просториите на сендвичарата
2. Корисниците- потрошувачи ќе можат електронски да го следат времето на изготвување/ достава на нарачката
3. Следење на нарачаните производи од страна на вработените
4. Следење на залиха на набавки на намирници преку систем до кој имаат пристап само одредени вработени задолжени за тоа (евиденција на останати количини од намирниците)
5. Следење на одредени статистики за потрошувачката на намирниците и приготвување извештаи

Project Excludes

1. Корисниците- потрошувачи ќе мора да го сторат тоа од дома, за почеток не е предвидена мобилна апликација
2. Следење само на времето до испорака
3. Параметрите на овие статистики ќе треба рачно да се внесуваат од страна на вработениот кој ги изготвува статистиките (за сега не е предвидено автоматско префрлање на статистики)

1.4 Претпоставки

  1. Сите членови од тимот кој ќе го развива системот ќе бидат целосно посветени во извршувањето на своите задачи
  2. Сите членови од тимот кој ќе го развива системот ќе имаат високи познавања за технологиите во кои ќе се изработува системот
  3. Одредено ниво на помош, подучување и поддршка во критичните делови на проектот ќе бидат обезбедени од страна на консултанти/ специјализирани лица од областа.
  1. Информации за потреби на клиенти, како и на потрошувачи ќе бидат обезбедени преку онлајн истражувања, но и преку претходно формулирани анкети
  2. Потрошувачите, особено помладите кои се и најголеми консументи на овој тип на исхрана, имаат доволно познавања од Интернет и ракување со компјутери
  3. Вработените се способни да се прилагодат на работа со електронскиот систем на следење нарачки, или клиентот е спремен да им обезбеди обука

1.5 Ограничувања

No.КатегоријаОграничување
1.организацискаПроектот мора да е во целост завршен до предвидениот рок
2.техничкаДоколку клиентот веќе користел сличен систем при својата работа (за менаџирање на залихи и сл.) и не сака да го замени, туку само да интегрира одредени компоненти во истиот, ќе треба дополнително време и напор за истражување и работа
3.организацискаМожно погрешно интерпретирање на потребите на клиентот, поради лоша комуникација

2.1 Финансирање

Project Phase/ Deliverable or Cost Category Estimated Cost
Фаза 1/ Deliverable Комплетирање на функционалности ‘Нарачување на производ’
Плата 3 програмери x 500 eur + taxes 1500 eur

Хардвер Софтвер Тестирање 5 компјутери Лиценциран Windows 7 и Microsoft VS Надоместок за тестери 400 eur 450 eur 200 eur Subtotals 2550 EUR Фаза 2/ Deliverable

Комплетирање на функционалности ‘Нарачување на намирници’

Плата 3 програмери x 500 eur + 1 бизнис аналитичар x 500 eur + taxes 2000 eur Тестирање Надоместок за тестери 200 eur Subtotals 2200 EUR Фаза 3/ Deliverable

Комплетирање на функционалности ‘Изготвување на статистики за потрошувачка на намирници’

Плата 3 програмери x 500 eur + 1 статистичар x 300 eur + taxes 1800 eur Тестирање Надоместок за тестери 200 eur Subtotals 2000 EUR TOTAL COST 6750 EUR

Финансиски поддржувач на ваквиот проект е клиентот кој има потреба од ваков систем. На почетокот, клиентот ќе треба да плати 50% од вкупната сума, а по завршување на проектот, по негово тестирање и имплементација, ќе треба да се платат и останатите 50% од сумата. Освен делот за опрема која ни останува фиксна за користење за натамошни проекти, за која ќе треба сами да инвестираме на почетокот, со средства добиени по пат на лична инвестиција. Наша инвестиција: 850 eur (софт+ хардвер) Плаќа клиентот: 5900 + сервер (Оракл бесплатен сервер, Микрософт) 2.2 Надзорни органи на проектот Целосниот развој на проектот е надгледуван од страна на менаџерскиот тим на нашата ИТ компанија, кој е задолжен за развојот на овој проект. Исто така, и овластените клиенти за кои се изработува проектот ќе имаат увид во работата, односно по завршување на било која фаза, клиентот ќе може да го види исходот од истата. 2.3 Активности на проектот

Milestone/Deliverable Description Planned Completion Date

  1. Анализа и дефиниција - Детално истражување на реалните потреби за пазарот
  • Дискусија и брејнсторминг за потребите и преференците на клиентите и потрошувачите
  • Разговор и комуникација со клиентите во врска со нивните потреби
  • Разгледување на системи од сличен тип
  1. 12. 2014
  1. Спецификација на функционалности и одобрување - Дефинирање на фиункционалностите кои ќе ги има системот во зависност од потребите на клиентите и потрошувачите, и компетенциите кои ги поседува development тимот 13. 12. 2014
  2. Моделирање и дизајн на апликацијата/ системот Дизајнирање на изгледот на апликацијата, поврзаноста на компонентите, моделирање на базата 20. 12. 2014
  3. Кодирање на почетен интефрејс и основни функционалности ‘Нарачување на производ’ [first deliverable] Кодирање на функционалноста од страна на програмерскиот тим- според потребите на потрошувачите, со надгледување и поддршка од менаџерскиот тим 04. 01. 2015
  4. Тестирање на основни функционалности 4 - Програмерскиот тим ги тестира функционалностите со свои тест случаи
  • Програмерскиот тим ја предава оваа изготвена фаза на менаџерскиот тим
  • Менаџерскиот тим врши тестирање 12. 01. 2015
  1. Кодирање на почетен интерфејс и основни функционалности ‘Нарачување на намирници’ [second deliverable] Кодирање на функционалноста од страна на програмерскиот тим- според потребите на клиентот, со надгледување и поддршка од менаџерскиот тим 26. 01. 2015
  2. Тестирање на основни функционалности 6 - Програмерскиот тим ги тестира функционалностите со свои тест случаи
  • Програмерскиот тим ја предава оваа изготвена фаза на менаџерскиот тим
  • Менаџерскиот тим врши тестирање 02. 02. 2015
  1. Кодирање на почетен интерфејс и функционалности ‘Изготвување на статистики за потрошувачка на намирници’ [third deliverable] Кодирање на функционалноста од страна на програмерскиот тим- според потребите на клиентот, со надгледување и поддршка од менаџерскиот тим 16. 02. 2015
  2. Тестирање на основни функционалности 7 - Програмерскиот тим ги тестира функционалностите со свои тест случаи
  • Програмерскиот тим ја предава оваа изготвена фаза на менаџерскиот тим
  • Менаџерскиот тим врши тестирање 23. 02. 2015
  1. Внес на податоци [forth deliverable] Програмерите ја полнат базата со податоци 30. 03. 2015
  2. Финално тестирање - Целиот тим врши тестирање на апликацијата, побарува внес од корисниците
  • Потребно дебагирање 05. 04. 2015
  1. Инсталација Инсталирање на системот кај клиентите, поставување на апликацијата на сервер за потрошувачите 08. 04. 2015
  2. Изготвување документација - Креирање на корисничка документација со опис на сите функционалности на апликацијата 10. 04. 2015

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.