Version 24 (modified by 9 years ago) ( diff ) | ,
---|
1. Преглед на проектот
1.1 Дефинирање на проблемот
Проблемот е опишан во визијата за овој проект.
1.2 Цели на проектот
Овој дел ги опишува целите на проектот и ја поврзува секоја од нив со мерливите цели кои треба да се остварат во рамки на проектот.
No. | Цели | Мерливи цели |
1 | Да им се овозможи на корисниците- потрошувачи онлајн алатка преку која ќе можат на брз и едноставен начин да нарачаат производ од менито на сендвичарата | Создавање на онлајн систем- веб апликација преку која корисникот ќе има преглед на нарачките кои ги нуди сендвичарата, и ќе може да одбере по желба и да нарача по електронски пат. |
2 | Да им се овозможи на корисниците следење на својата нарачка | Интегрирана компонента во апликацијата преку која што тие би го следеле времето за кое нивната нарачка би била готова за да имаат предвид кога да ја подигнат без премногу да чекаат |
3 | Да им се овозможи на вработените во сендвичарата да имаат редовна евиденција на нарачани производи во секое време, и во исто време, заменувајќи го претходниот процес кој се одвивал по телефонски пат кога се примале помалку нарачки во единица време | Компонента во системот на вработените преку која се појавуваат веднаш нарачките кои се направени од страна на корисниците, корисниците го следат времето за изготвување на производот |
4 | Да се овозможи следење на преостанати залихи на намирници од страна на менаџерот за набавки. | Интегрирана опција за нотификација. Кога ќе се намали залихата на намирница, вработениот праќа нотификација до менаџерот. |
1.3 Опсег на проектот
Овој продукт ќе опфаќа брза нарачка во секое време и од секаде. Со тоа се зголемува бројот на корисници. Исто така се скратува времето за нарачка со што се зголемува квалитетот на услугата. Се добива поголема прегледност на нарачките и намирниците кои се достапни и кои треба да се нарачаат.
Project Includes |
1. Со оваа апликација корисниците – потрошувачи ќе можат да нарачаат производ во секое време без да одат директно во просториите на сендвичарата |
2. Корисниците- потрошувачи ќе можат електронски да го следат времето на изготвување/ достава на нарачката |
3. Следење на нарачаните производи од страна на вработените |
4. Следење на залиха на набавки на намирници преку подсистем за праќање нотификации |
5. Следење на одредени статистики за потрошувачката на производите и приготвување извештаи |
Project Excludes |
1. Корисниците- потрошувачи ќе мора да го сторат тоа од дома, за почеток не е предвидена мобилна апликација |
2. Следење само на времето до испорака |
3. Параметрите на овие статистики ќе треба рачно да се внесуваат од страна на вработениот кој ги изготвува статистиките (за сега не е предвидено автоматско префрлање на статистики) |
1.4 Претпоставки
- Сите членови од тимот кој ќе го развива системот ќе бидат целосно посветени во извршувањето на своите задачи
- Сите членови од тимот кој ќе го развива системот ќе имаат високи познавања за технологиите во кои ќе се изработува системот
- Одредено ниво на помош, подучување и поддршка во критичните делови на проектот ќе бидат обезбедени од страна на консултанти/ специјализирани лица од областа.
- Информации за потреби на клиенти, како и на потрошувачи ќе бидат обезбедени преку онлајн истражувања, но и преку претходно формулирани анкети
- Потрошувачите, особено помладите кои се и најголеми консументи на овој тип на исхрана, имаат доволно познавања од Интернет и ракување со компјутери
- Вработените се способни да се прилагодат на работа со електронскиот систем на следење нарачки, или клиентот е спремен да им обезбеди обука
1.5 Ограничувања
No. | Категорија | Ограничување |
1 | организациска | Проектот мора да е во целост завршен до предвидениот рок |
2 | техничка | Доколку клиентот веќе користел сличен систем при својата работа (за менаџирање на залихи и сл.) и не сака да го замени, туку само да интегрира одредени компоненти во истиот, ќе треба дополнително време и напор за истражување и работа |
3 | организациска | Можно погрешно интерпретирање на потребите на клиентот, поради лоша комуникација |
2.Овластувања и клучни задачи на проектот
2.1 Надзорни органи на проектот
Целосниот развој на проектот е надгледуван од страна на менаџерскиот тим, кој е задолжен за развојот на овој проект. Исто така, и овластените клиенти за кои се изработува проектот ќе имаат увид во работата, односно по завршување на било која фаза, клиентот ќе може да го види исходот од истата.
2.2 Активности на проектот
Испорака | Опис | Рок на испорака |
1. Анализа и дефиниција | Детално истражување на реалните потреби за пазарот Дискусија и брејнсторминг за потребите и преференците на клиентите и потрошувачите - Разговор и комуникација со клиентите во врска со нивните потреби Разгледување на системи од сличен тип | 07. 12. 2014 |
2. Спецификација на функционалности и одобрување | Дефинирање на фиункционалностите кои ќе ги има системот во зависност од потребите на клиентите и потрошувачите, и компетенциите кои ги поседува development тимот | 13. 12. 2014 |
3. Моделирање и дизајн на апликацијата/ системот | Дизајнирање на изгледот на апликацијата, поврзаноста на компонентите, моделирање на базата | 20. 12. 2014 |
4. Кодирање на почетен интефрејс и основни функционалности ‘Нарачување на производ’ (прва испорака) | Кодирање на функционалноста од страна на програмерскиот тим- според потребите на потрошувачите, со надгледување и поддршка од менаџерскиот тим | 04. 01. 2015 |
5. Тестирање на основни функционалности 4 | Програмерскиот тим ги тестира функционалностите со свои тест случаи Програмерскиот тим ја предава оваа изготвена фаза на менаџерскиот тим Менаџерскиот тим врши тестирање | 12. 01. 2015 |
6. Кодирање на почетен интерфејс и основни функционалности ‘Нарачување на намирници’ (втора испорака) | Кодирање на функционалноста од страна на програмерскиот тим- според потребите на клиентот, со надгледување и поддршка од менаџерскиот тим | 26. 01. 2015 |
7. Тестирање на основни функционалности 6 | Програмерскиот тим ги тестира функционалностите со свои тест случаи Програмерскиот тим ја предава оваа изготвена фаза на менаџерскиот тим Менаџерскиот тим врши тестирање | 02. 02. 2015 |
8. Кодирање на почетен интерфејс и функционалности ‘Изготвување на статистики за потрошувачка на намирници’ (трета испорака) | Кодирање на функционалноста од страна на програмерскиот тим- според потребите на клиентот, со надгледување и поддршка од менаџерскиот тим | 16. 02. 2015 |
9. Тестирање на основни функционалности 7 | Програмерскиот тим ги тестира функционалностите со свои тест случаи Програмерскиот тим ја предава оваа изготвена фаза на менаџерскиот тим Менаџерскиот тим врши тестирање | 23. 02. 2015 |
10. Внес на податоци (четврта испорака) | Програмерите ја полнат базата со податоци | 30. 03. 2015 |
11. Финално тестирање | Целиот тим врши тестирање на апликацијата, побарува внес од корисниците Потребно дебагирање | 05. 04. 2015 |
12. Инсталација | Инсталирање на системот кај клиентите, поставување на апликацијата на сервер за потрошувачите | 08. 04. 2015 |
13. Изготвување документација | Креирање на корисничка документација со опис на сите функционалности на апликацијата | 10. 04. 2015 |
3.Организирање на проектот
3.1 Структура на проектот
3.2 Улоги и задачи
Улога | Одговорност |
Клиент | Ги поставува барањата за системот, дефинира посакувани функционалности и целосно го финасира. |
Проектен менаџер | Го координира развојот на проектот и сите лица кои работат на истиот. Се грижи да секоја задача биде извршена соодветно во предвидениот рок. |
Менаџер за тестирање и сигурност на квалитет | Го координира тестирањето на апликацијата. Идентификува потенцијални и тековни, системски, операциски, технолошки , роковни и HR поврзани ризици |
Менаџер за технологија | Го координира девелоперскиот тим: дизајнерите, програмерите и техничарите. |
Менаџер за финансии | Изработува финасиски план и извештаи |
Менаџер за истражување и анализа на пазарот | Го кординира тимот за истражување и анализи на пазарот, можностите за имплементирање и ризиците |
Програмер | Одговорни за кодирање на функционалностите на системот. |
Дизајнер | Дизајнирање на целокупниот изглед на системот, интерфејсот, како и поврзаноста на компонентите. |
Техничар | Одржување на системот, тестирање. |
3.3 Проектни ресурси
Ресурс | Одговорен |
Софтвер | Проектен менаџер |
Хардвер | Техничар |
Плата за вработени | Проектен менаџер |
Опрема за работа | Проектен менаџер |
Канцелариска опрема | Проектен менаџер |
4. Речник
Потрошувачи- Клиенти на компанијата за која се изработува системот. Тие се категоризираат како крајни купувачи/ консументи на готовите производи кои ги произведува компанијата/ сендвичарата/ пицеријата.
Клиенти- Овде се мисли на сендвичарата/ пицеријата за која се изработува системот.
Тестирање- Тестирање на направените прототипи на ситемот или пак целиот систем.
Тестери- Задолжени за спроведување на процесот на тестирање и креирање на тест случаи.
Бизнис аналитичар- Одговорен за истражување на бизнис потребите на клиентите.
Attachments (1)
- strukturaNaTim.png (9.8 KB ) - added by 9 years ago.
Download all attachments as: .zip