'''Апликација за резервација во ресторан''' '''Vision''' '''1. Introduction''' '''1.1 Purpose''' Целта на овој документ е да се опишат сите функционалности на Апликацијата за резервација во ресторани, односно како да се направи резервација преку неа и да се има преглед на сите направени резервации. Ќе се дискутира суштината на проблемот кој го решаваме и бизнис околината. '''1.2 Scope''' Апликацијата за резервација во ресторани е апликација која ги опфаќа сите луѓе кои сакаат да резервираат во некој од листата на ресторани која ќе ја содржи. Листата на ресторани зависи од тоа кои од рестораните ќе се согласат да бидат дел од овој проект. Со модифицирањето на апликацијата, односно фукционалностите, ќе се објавуваат нови верзии од документот при секоја промена. '''1.3 Definitions, Acronyms and Abbreviations''' Дефиниции: Листа на ресторани – листа на достапни ресторани за кои може да се резервира место преку апликацијата. Резервација – одбирање датум (ден, месец, година), време, број на особи , маса за одреден ресторан. Преглед на резервации – база од направени резервации за секој ресторан посебно. Клиенти (корисници) – сите кои ќе ја користат апликацијата и ќе прават резервации. '''1.5 Overview''' Апликација која овозможува листа на достапни ресторани за резервација и преглед на настани кои ќе се случуваат во тековната недела за нив. За секој ресторан можнос да се одбере денот, времето, број на особи и маса за резервација, во зависност од тоа дали има слободно маса. Добивање на резервациски број и преглед на сите направени резервации. '''2. Positioning''' '''2.1 Business Opportunity''' Подобрување на организацијата на големите рестораните кои секојдневно примаат резервации и имаат многу гости дневно, преглед на резервациите, клиентите заштедуваат време и пари со оваа апликација. '''2.2 Problem Statement''' Проблем – телефонирање за резервирање на маса, барање на список на веќе претходно направени резервации, дали има слободно место, дополнителен трошок за телефонирање. Апликацијата ќе го избегне трошокот за телефонирање, ќе овоможи шреглед на слободни места, преглед на претходни резервации и можност во било кое време да се резервира, каде и да сме. '''2.3 Product Positioning Statement''' For: апликација наменета за сите луѓе Who: правење на резервација за одреден ресторан, преглед на слободни места и настани The (product name): Резервација во ресторан That: целосен преглед за секој ресторан посебно на сите резервации, преглед на слободни места и настани, локација на рестораните Unlike: правење листа на резервации со телефонирање, недоволна организираност на рестораните, дополнителен трошок за телефонирање Our product: овозможува преглед на настани за рестораните од листата, можност за резервација на слободни места, преглед на претходни резервации '''3. Stakeholder Descriptions''' '''3.1 Market Demographics''' Апликацијата може да ја користи секој, во било кое време. Овозможува евиденција на сите направени резервации и ја олеснува организацијата на поголемите ресторани. Едноставна за користење од страна на клиентите. '''3.2 Stakeholder Summary''' Развивачи на мобилната и веб апликацијата – Програмери – човек кој ја развива мобилната апликацијата со сите нејзини функционалности и потоа ја одржува и ги ажурира податоците и човек кој ја развива веб апликацијата со нејзините функционалности како и мобилната, ја одржува и ажурира. Вработени во ресторанот – Келнери – имаат евиденција за сите направени резервации и треба да пријават кај програмерот доколку настане некој проблем. Сопственици на ресторанот - апликацијата им ја олеснува организацијата и координацијата '''3.3 User Summary''' Клиенти (корисници) - сите луѓе (тука спаѓаат и странците) - прават резервација за одреден ресторан со сигурност дека ќе одат на тој датум или можат да ја откажат резервацијата на време, за да може некој друг да резервира. '''3.4 User Environment''' Апликацијата за резервација во ресторан може да ја користат сите луѓе кои имаат смарт телефони со оперативен систем Android. Бројот на корисници е неограничен, бидејќи нема да има најавување, само резервација. Рестораните кои ќе бидат вклучени во листата за избор, ќе ја имаат базата на сите направени резервации со датум, време, маса и број на особи. Со помош на оваа апликација, корисниците ќе можат во било кое време, каде и да се наоѓаат, да можат да резервираат и да ги видат настаните за тие ресторани во тековната недела. '''3.5 Stakeholder Profiles''' '''3.5.1 Програмер на веб апликацијата''' '''Representative''' Програмер '''Description''' Ја развива веб апликацијата, нејзините функционалности и дизајн '''Type''' Експерт во областа на веб програмирање, дипломиран инженер '''Responsibilities''' Да направи функционална веб страна за резервација во ресторани, да ја одржува, да ги ажурира податоците '''Success criteria''' Справување со грешки од страна на корисниците '''Involvement''' Развивање и одржување на веб апликацијата '''Deliverables''' / '''Comments / Issues''' Несекојдневно одржување и ажурирање '''3.5.2 Програмер на мобилната апликација''' '''Representative''' Програмер '''Description''' Ја развива мобилната апликација, нејзините функционалности и дизајн '''Type''' Експерт во областа на програмирање на мобилни апликации, дипломиран инженер '''Responsibilities''' Да направи функционална мобилна апликација за резервација во ресторани, да ја одржува, да ги ажурира податоците '''Success criteria''' Справување со грешки од страна на корисниците '''Involvement''' Развивање и одржување на мобилната апликација '''Deliverables''' / '''Comments / Issues''' Несекојдневно одржување и ажурирање '''3.5.3 Вработени во ресторанот''' '''Representative''' Келнери '''Description''' Послужување на гостите, испорака на нивните нарачки и резервации '''Type''' Експерт од областа на Угостителството '''Responsibilities''' Навремена услуга кон клиентите, испорака на нарачки и водење евиденција на резервации '''Success criteria''' Задоволување на барањата на клиентите '''Involvement''' Работно место на кое добиваат паричен надоместок за извршената работа '''Deliverables''' / '''Comments / Issues''' Неизвршување на должностите '''3.5.4 Сопственик на ресторанот''' '''Representative''' Соптвеник на ресторанот '''Description''' Ја организира и координира работата на ресторанот '''Type''' Експерт во областа на Менаџментот и економијата '''Responsibilities''' Да ги организира и координира своите вработени '''Success criteria''' Успешно менаџирање '''Involvement''' Задоволство да се води соптсвен бизнис '''Deliverables''' / '''Comments / Issues''' Грешка при менаџирањето '''3.6 User Profiles''' '''3.6.1 Клиенти''' '''Representative''' Клиенти '''Description''' Тие што ја користат апликацијата за резервирање '''Type''' Обичен човек кој користи компјутер или смарт телефон '''Responsibilities''' Да направи резервација и да дојде во закажаниот термин '''Success criteria''' / '''Involvement''' Желба да резервира во некој од рестораните за да излезе со своите блиски '''Deliverables''' / '''Comments / Issues''' / '''3.7 Key Stakeholder or User Needs''' Подобра организација на работата во рестораните во поглед на резервацијата - оваа апликација ќе ја подобри организацијата со тоа што вработените нема да бидат прекинувани при нивната работа ако некој сака да резервира. Прегледност на резервациите - вработените ќе имаат преглед на сите резервации дневно и на тој начин ќе си ја организираат својата работа Прегледност на настани во рестораните за тековната недела - дополнителни информации за настаните кои ќе се случуваат во текот на неделата за секој ресторан посебно Локација на рестораните - мапа која ја покажува локацијата за дадениот ресторан Намалување на време трошоци за резервација - клиентите нема потреба повеќе да телефонираат за да резервираат, туку во било кое време, преку оваа апликација ќе може да си резервираат бесплатно '''4. Product Overview''' '''4.1 Product Perspective''' Податоците за настаните во тековната недела од сите ресторани кои се во листата, се ажурираат секоја недела и тие податоци, програмерот ги добива од рестораните. Корисниците само прават резервации кои се зачувуваат во базата која им е достапна на рестораните, за да имаат преглед на сите резервации. '''4.3 Assumptions and Dependencies''' Не постојат некои зависности кои ќе ја попречат работата на апликацијата. Но, зависи од побарувањата на корисниците, како и од рестораните, може да дојде до некои промени. '''4.4 Cost and Pricing''' Трошоци за обука на вработените во ресторанот, како и трошоци за одржување на апликацијата и нејзиниот развој. Од друга страна, апликацијата ќе биде бесплатна за сите корисници и на мобилната верзија и на веб верзијата. '''4.5 Licensing and Installation''' Инсталацијата на мобилната верзија е едноставно со нејзино преземање од Play Store, а за веб верзијата нема потреба од инсталација. Нема потреба од најава за корисниците и ја користи кој сака. '''5. Product Features'''