'''Апликација за резервација во ресторан''' '''Vision''' '''1. Introduction''' '''1.1 Purpose''' Целта на овој документ е да се опишат сите функционалности на Апликацијата за резервација во ресторани, односно како да се направи резервација преку неа и да се има преглед на сите направени резервации. Ќе се дискутира суштината на проблемот кој го решаваме и бизнис околината. '''1.2 Scope''' Апликацијата за резервација во ресторани е апликација која ги опфаќа сите луѓе кои сакаат да резервираат во некој од листата на ресторани која ќе ја содржи. Листата на ресторани зависи од тоа кои од рестораните ќе се согласат да бидат дел од овој проект. Со модифицирањето на апликацијата, односно фукционалностите, ќе се објавуваат нови верзии од документот при секоја промена. '''1.3 Definitions, Acronyms and Abbreviations''' Дефиниции: Листа на ресторани – листа на достапни ресторани за кои може да се резервира место преку апликацијата. Резервација – одбирање датум (ден, месец, година), време, број на особи , маса за одреден ресторан. Преглед на резервации – база од направени резервации за секој ресторан посебно. Клиенти (корисници) – сите кои ќе ја користат апликацијата и ќе прават резервации. '''1.5 Overview''' Апликација која овозможува листа на достапни ресторани за резервација и преглед на настани кои ќе се случуваат во тековната недела за нив. За секој ресторан можнос да се одбере денот, времето, број на особи и маса за резервација, во зависност од тоа дали има слободно маса. Добивање на резервациски број и преглед на сите направени резервации. '''2. Positioning''' '''2.1 Business Opportunity''' Подобрување на организацијата на големите рестораните кои секојдневно примаат резервации и имаат многу гости дневно, преглед на резервациите, клиентите заштедуваат време и пари со оваа апликација. '''2.2 Problem Statement''' Проблем – телефонирање за резервирање на маса, барање на список на веќе претходно направени резервации, дали има слободно место, дополнителен трошок за телефонирање. Апликацијата ќе го избегне трошокот за телефонирање, ќе овоможи шреглед на слободни места, преглед на претходни резервации и можност во било кое време да се резервира, каде и да сме. '''2.3 Product Positioning Statement''' For: апликација наменета за сите луѓе Who: правење на резервација за одреден ресторан, преглед на слободни места и настани The (product name): Резервација во ресторан That: целосен преглед за секој ресторан посебно на сите резервации, преглед на слободни места и настани, локација на рестораните Unlike: правење листа на резервации со телефонирање, недоволна организираност на рестораните, дополнителен трошок за телефонирање Our product: овозможува преглед на настани за рестораните од листата, можност за резервација на слободни места, преглед на претходни резервации '''3. Stakeholder Descriptions''' '''3.1 Market Demographics''' Апликацијата може да ја користи секој, во било кое време. Овозможува евиденција на сите направени резервации и ја олеснува организацијата на поголемите ресторани. Едноставна за користење од страна на клиентите. '''3.2 Stakeholder Summary''' Развивачи на мобилната и веб апликацијата – Програмери – човек кој ја развива мобилната апликацијата со сите нејзини функционалности и потоа ја одржува и ги ажурира податоците и човек кој ја развива веб апликацијата со нејзините функционалности како и мобилната, ја одржува и ажурира. Вработени во ресторанот – Келнери – имаат евиденција за сите направени резервации и треба да пријават кај програмерот доколку настане некој проблем. Сопственици на ресторанот - апликацијата им ја олеснува организацијата и координацијата '''3.3 User Summary''' Клиенти (корисници) - сите луѓе (тука спаѓаат и странците) - прават резервација за одреден ресторан со сигурност дека ќе одат на тој датум или можат да ја откажат резервацијата на време, за да може некој друг да резервира. '''3.4 User Environment''' Апликацијата за резервација во ресторан може да ја користат сите луѓе кои имаат смарт телефони со оперативен систем Android. Бројот на корисници е неограничен, бидејќи нема да има најавување, само резервација. Рестораните кои ќе бидат вклучени во листата за избор, ќе ја имаат базата на сите направени резервации со датум, време, маса и број на особи. Со помош на оваа апликација, корисниците ќе можат во било кое време, каде и да се наоѓаат, да можат да резервираат и да ги видат настаните за тие ресторани во тековната недела. '''3.5 Stakeholder Profiles''' '''3.5.1 Програмер на веб апликацијата''' '''Representative''' Програмер '''Description''' Ја развива веб апликацијата, нејзините функционалности и дизајн '''Type''' Експерт во областа на веб програмирање, дипломиран инженер '''Responsibilities''' Да направи функционална веб страна за резервација во ресторани, да ја одржува, да ги ажурира податоците '''Success criteria''' Справување со грешки од страна на корисниците '''Involvement''' Развивање и одржување на веб апликацијата '''Deliverables''' / '''Comments / Issues''' Несекојдневно одржување и ажурирање '''3.5.2 Програмер на мобилната апликација''' '''Representative''' Програмер '''Description''' Ја развива мобилната апликација, нејзините функционалности и дизајн '''Type''' Експерт во областа на програмирање на мобилни апликации, дипломиран инженер '''Responsibilities''' Да направи функционална мобилна апликација за резервација во ресторани, да ја одржува, да ги ажурира податоците '''Success criteria''' Справување со грешки од страна на корисниците '''Involvement''' Развивање и одржување на мобилната апликација '''Deliverables''' / '''Comments / Issues''' Несекојдневно одржување и ажурирање '''3.5.3 Вработени во ресторанот''' '''Representative''' Келнери '''Description''' Послужување на гостите, испорака на нивните нарачки и резервации '''Type''' Експерт од областа на Угостителството '''Responsibilities''' Навремена услуга кон клиентите, испорака на нарачки и водење евиденција на резервации '''Success criteria''' Задоволување на барањата на клиентите '''Involvement''' Работно место на кое добиваат паричен надоместок за извршената работа '''Deliverables''' / '''Comments / Issues''' Неизвршување на должностите '''3.5.4 Сопственик на ресторанот''' '''Representative''' Соптвеник на ресторанот '''Description''' Ја организира и координира работата на ресторанот '''Type''' Експерт во областа на Менаџментот и економијата '''Responsibilities''' Да ги организира и координира своите вработени '''Success criteria''' Успешно менаџирање '''Involvement''' Задоволство да се води соптсвен бизнис '''Deliverables''' / '''Comments / Issues''' Грешка при менаџирањето '''3.6 User Profiles''' '''3.6.1 Клиенти''' '''Representative''' Клиенти '''Description''' Тие што ја користат апликацијата за резервирање '''Type''' Обичен човек кој користи компјутер или смарт телефон '''Responsibilities''' Да направи резервација и да дојде во закажаниот термин '''Success criteria''' / '''Involvement''' Желба да резервира во некој од рестораните за да излезе со своите блиски '''Deliverables''' / '''Comments / Issues''' / '''3.7 Key Stakeholder or User Needs''' Потреба за подобра организација на работата во рестораните во поглед на резервацијата - оваа апликација ќе ја подобри организацијата со тоа што вработените нема да бидат прекинувани при нивната работа ако некој сака да резервира. Потреба за прегледност на резервациите - вработените ќе имаат преглед на сите резервации дневно и на тој начин ќе си ја организираат својата работа Потреба за прегледност на настани во рестораните за тековната недела - дополнителни информации за настаните кои ќе се случуваат во текот на неделата за секој ресторан посебно Потреба за локација на рестораните - мапа која ја покажува локацијата за дадениот ресторан Потреба за намалување на време трошоци за резервација - клиентите нема потреба повеќе да телефонираат за да резервираат, туку во било кое време, преку оваа апликација ќе може да си резервираат бесплатно '''4. Product Overview''' '''4.1 Product Perspective''' Податоците за настаните во тековната недела од сите ресторани кои се во листата, се ажурираат секоја недела и тие податоци, програмерот ги добива од рестораните. Корисниците само прават резервации кои се зачувуваат во базата која им е достапна на рестораните, за да имаат преглед на сите резервации. '''4.3 Assumptions and Dependencies''' Не постојат некои зависности кои ќе ја попречат работата на апликацијата. Но, зависи од побарувањата на корисниците, како и од рестораните, може да дојде до некои промени. '''4.4 Cost and Pricing''' Трошоци за обука на вработените во ресторанот, како и трошоци за одржување на апликацијата и нејзиниот развој. Од друга страна, апликацијата ќе биде бесплатна за сите корисници и на мобилната верзија и на веб верзијата. '''4.5 Licensing and Installation''' Инсталацијата на мобилната верзија е едноставно со нејзино преземање од Play Store, а за веб верзијата нема потреба од инсталација. Нема потреба од најава за корисниците и ја користи кој сака. '''5. Product Features''' '''5.1 Online резервација во дадени ресторани''' Правење резервација во одреден ресторан за одреден ден, во одредено време. '''5.2 Преглед на настани''' Преглед на настани кои ќе се случуваат во текот на неделата за секој ресторан посебно. '''5.3 Локација и контакт информации''' Мапа за локацијата на ресторанот и дополнителни информации за контакт. '''5.4 Преглед на сите направени резервации''' Листа на резервации со ден, време, број на особи и маса за секој ден. '''6. Constraints''' Секоја направена резервација се чува во база до која има пристап програмерот, а вработените во ресторанот имааат само преглед на резервациите и можност да пријават некоја грешка или bug во системот. '''7. Quality Ranges''' Мобилната и веб апликацијата треба да овозможат едноставно резервирање преку неколку чекори кои ќе бидат разбирливи за клиентите, а од друга страна да овозможи прегледност на вработените во ресторанот на сите резервации. '''8. Precedence and Priority''' Подобра организација на рестораните и заштедување на време и пари за клиентите: 1. Online резервација во дадени ресторани 2. Преглед на настани 3. Локација и контакт информации 4. Преглед на сите направени резервации '''9. Other Product Requirements''' Мобилната и веб апликацијата се достапни за секого и еднаш или повеќе пати во неделата се ажурираат сите потребни податоци. '''9.1 Applicable Standards''' Мобилна апликација за Android оперативен систем и веб апликација online достапна за секого. '''9.2 System Requirements''' Бидејќи станува збор за мобилна и веб апликација, потребна им е интернет конекција за да може да се направи резервација. '''9.3 Performance Requirements''' 1. Апликацијата може да поддржи голема листа на ресторани за кои ќе може да се прават резервации 2. Резервацијата се прави во 4 чекори кои не одземаат многу време 3. Апликацијата може да поддржи неограничен број на податоци за рестораните 4. По извршената резервацијата за неколку секунди се добива резервациски број како потврда за направена резервација '''9.4 Environmental Requirements''' Доколку настанат некакви проблеми, дали од страна на корисниците или од страна на рестораните, може да се обратат преку Help или да пратат порака. '''10. Documentation Requirements''' '''10.1 User Manual''' Клиентите едноставно си бираат ресторан, имаат пристап до податоци за тој ресторан, преглед на настани и секако да си резервираат преку едноставна форма. Доколку имаат некои потешкотии може да се обратат на help системот. '''10.2 Online Help''' Апликацијата ќе овозможи и online help desk систем за едноставно и брзо решавање на проблемите на клиентите (корисниците). '''10.4 Labeling and Packaging''' Апликацијата ќе се користи за резервација и преглед на сите направени резервации и ќе ги користи логоата на рестораните.