| 122 | Приказот кој го добива членот на комисијата е прикажан на следната слика. Во делот акции, достапно е времето на гласање за оние корисници кои правото на глас го оствариле онлајн или со физичко присуство, а за остантите достапно е копче за генерирање код за гласање. При клик се повикува следниот контролер: |
| 123 | {{{#!java |
| 124 | @GetMapping("/admin/electionRealizationInterface/{id}") |
| 125 | public String showElectionRealization(Model m, @PathVariable Long id, Principal p, Authentication authentication) { |
| 126 | UserProfile userProfile = (UserProfile) authentication.getPrincipal(); |
| 127 | Long realizationId = committeeService.findElectionRealizationByCitizen(userProfile.getCitizen().getId()).getId(); |
| 128 | CommitteeMember committeeMember = committeeMemberService.findById(userProfile.getCitizen().getId()); |
| 129 | if(!committeeService.getSamePollingStation(committeeMember.getId(), id)){ |
| 130 | return "redirect:/admin/electionRealizationInterface"; |
| 131 | } |
| 132 | return "redirect:/admin/voteCode/" + realizationId + "/" + id; |
| 133 | } |
| 134 | }}} |
| 135 | Како што е и претходно споменато, за да се избегнат манипулации, идентитетот повторно се проверува на серверската страна, односно се проверува дали корисникот кој го испратил барањето и гласачот за кој се генерира код се од исто гласачко место и потоа се пренасочува кон контролерот кој повикува сервис за генерирање на кодот доколку тој не постои или го прикажува веќе генерираниот. Кодот за гласање е од тип UUID, односно шансите за негово повторување или случајно погодување се практично еднакви на нула. Приказот кој го добива членот на комисијата по генерирање код изгледа вака. |
| 136 | == Гласа со физичко присуство |
| 137 | Граѓанин кој сака да го оствари правото на глас со физичко присуство на потенцијално поставена машина во гласачко место може да го направи тоа користејќи го кодот добиен од избирачката комисија на страницата /codeVote, при што го гледа следниот интерфејс. Потоа, процесот на гласање продолжува исто како што тоа е опишано во делот од прототипот на апликацијата. |