== Flexifit == Kраток опис на проектот Апликација за онлајн закажување тренинзи со фитнес инструктори во една теретана. Таа ќе биде дизајнирана со цел за ефективно управување со термините на фитенс инструкторите во теретаната. Клиентите ќе можат да се регистрираат на апликацијата, при што ќе се чуваат нивни податоци како име, презиме, телефонски број и е-адреса. По најавувањето, клиентите ќе можат да ги прегледаат сите фитнес инструктори на апликацијата. Тие ќе имаат можност да изберат фитнес инструктор и да ги прегледаат достапните термини на избраниот инструктор. По завршувањето на тренингот, клиентите ќе можат да остават оценка и коментар за фитнес инструкторот, што ќе биде корисно за идни корисници, но и за самите фитнес инструктори со цел да се подобрат. За фитнес инструкторите ќе се чуваат податоци како име, презиме, работно искуство, телефонски број, емаил и кратка биографија. За секоја резервација ќе се чуваат информации за клиентот, инструкторот, цената и термин на услугата. Откако еден корисник ќе одбере термин, тој термин нема повеќе да биде достапен за други корисници. == Изработува ||Име и презиме||Индекс|| ||Климентина Ѓуревска||201028|| Предмет: Бази на податоци во 2024/2025 зимски семестар Под менторство на: проф. д-р Вангел Ајановски == Фази на изработка ||Фаза||Име на фаза ||Статус|| ||Ф0||[wiki: Дефинирање на проектот] || || ||Ф1||Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања || || ||Ф2||Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) || || ||Ф3||Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи || || ||Ф4||Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) || || ||Ф5||Прототип апликација - Основни функционалности || || ||Ф6||Нормализација и подобрување на дизајнот || || ||Ф7||Напреден апликативен развој || ||