== Flexifit Апликација за онлајн закажување тренинзи со фитнес инструктори во една теретана. Таа ќе биде дизајнирана со цел за ефективно управување со термините на фитенс инструкторите во теретаната како и резервирање опрема односно дали тренингот ќе се одвива класично во теретана - индивидуален каде ќе има користење на фитнес справи или станува збор за групен односно total body/pilates кој се одвива во посебна сала и вклучува минимално користење на опрема. Клиентите ќе можат да се регистрираат на апликацијата, при што ќе се чуваат нивни податоци како име, презиме, телефонски број и е-адреса. По најавувањето, клиентите ќе можат да ги прегледаат сите фитнес инструктори на апликацијата. Тие ќе имаат можност да изберат фитнес инструктор и да ги прегледаат достапните термини на избраниот инструктор. По завршувањето на тренингот, клиентите ќе можат да остават оценка и коментар за фитнес инструкторот, што ќе биде корисно за идни корисници, но и за самите фитнес инструктори со цел да се подобрат. Фитнес инструкторите ќе може да се додаваат и бришат односно можна е промена на тимот од страна на теретаната. За фитнес инструкторите ќе се чуваат податоци како име, презиме, работно искуство, телефонски број, емаил и кратка биографија. За секоја резервација ќе се чуваат информации за клиентот, инструкторот, цената и термин на услугата. Доколку клиентот избере класичен тип на тренинг во теретана и потоа одбере термин, тој термин нема повеќе да биде достапен за други корисници. Доколку клиентот избере total body/pilates и потоа одбере еден термин тој термин може да биде достапен уште за 19 други клиенти. По неговото целосно потполнување тој термин станува недостапен. == Изработува ||Име и презиме||Индекс|| ||Климентина Ѓуревска||201028|| Предмет: Бази на податоци во 2024/2025 зимски семестар Под менторство на: проф. д-р Вангел Ајановски == Фази на изработка ||Фаза||Име на фаза ||Статус|| ||Ф0||[wiki:"Дефинирање на проектот"] ||завршена, чека одобрение || ||Ф1||[wiki:"Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања"] || || ||Ф2||Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) || || ||Ф3||Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи || || ||Ф4||Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) || || ||Ф5||Прототип апликација - Основни функционалности || || ||Ф6||Нормализација и подобрување на дизајнот || || ||Ф7||Напреден апликативен развој || ||