Version 17 (modified by 5 weeks ago) ( diff ) | ,
---|
Flexifit
==Kраток опис на проектот Апликација за онлајн закажување тренинзи со фитнес инструктори во една теретана. Таа ќе биде дизајнирана со цел за ефективно управување со термините на фитенс инструкторите во теретаната. Клиентите ќе можат да се регистрираат на апликацијата, при што ќе се чуваат нивни податоци како име, презиме, телефонски број и е-адреса. По најавувањето, клиентите ќе можат да ги прегледаат сите фитнес инструктори на апликацијата. Тие ќе имаат можност да изберат фитнес инструктор и да ги прегледаат достапните термини на избраниот инструктор. По завршувањето на тренингот, клиентите ќе можат да остават оценка и коментар за фитнес инструкторот, што ќе биде корисно за идни корисници, но и за самите фитнес инструктори со цел да се подобрат. За фитнес инструкторите ќе се чуваат податоци како име, презиме, работно искуство, телефонски број, емаил и кратка биографија. За секоја резервација ќе се чуваат информации за клиентот, инструкторот, цената и термин на услугата. Откако еден корисник ќе одбере термин, тој термин нема повеќе да биде достапен за други корисници.
Изработува
Име и презиме | Индекс |
Климентина Ѓуревска | 201028 |
==Детален опис на проектот
За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
Проектот е наменет за теретана со голем број на клиенти, која има потреба од ефикасно управување со термини и тренинзи на фитенс инструкторите. Теретаната ќе биде одговорна за поседување на базата на податоци и апликацијата ќе ја обезбедува како сервис за своите вработени и клиенти. Фитнес инструкторите и сопственикот ќе имаат клучна улога во управувањето со базата на податоци. Фитнес инструкторите ќе го следат нивниот распоред, ќе управуваат со закажаните термини, додека сопственикот ќе може да додава и брише фитнес инструктории. На овој начин ќе се заштеди времето и ќе се поедностави целиот процес за закажување на тренинг.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Примарната цел на апликацијата е да се олесни процесот на закажување тренинзи и управување со термините во теретаната, избегнувајќи непотребно време потрошено на телефонски повици или пораки. Сите фитнес инструктори ќе имаат пристап до базата на податоци, каде ќе бидат достапни сите резервации и закажани термини. Оваа апликација ќе го реши проблемот на недоразбирање и неусогласеност во термините, предизвикани од резервирање преку различни канали без запазување на промените. Со оваа платформа ќе се минимизираат грешките и сите фитнес инструктори и клиенти ќе бидат во тек со последните информации и промени.
Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Апликацијата за теретаната ќе има три типа на корисници: сопственик, фитнес инструктори и клиенти. Клиентите ќе имаат можност да прават резервации за тренинзи, додека фитнес инструкторите ќе ги поставуваат своите слободни термини и ќе ги прегледуваат сите направени резервации. Ако има потреба, фитнес инструкторите ќе можат да ги менуваат своите слободни термини, за да ги прилагодат според актуелните услови и резервации. На овој начин, апликацијата ќе овозможи лесно и ефикасно управување со термините и за двете страни. Сопственикот ќе може да додава фитнес инструктори, но исто така и да ги брише. Тој ќе има целосен преглед на сите термини на сите фитнес инструктори.
Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект.
Апликацијата е едноставна за користење и значително го заштедува времето. Со тоа што овозможува брзо и лесно закажување тренинзи и пристап до слободни термини, процесот е максимално поедноставен. Дополнително, апликацијата ја подобрува професионалноста на фитнес инструкторите, бидејќи ги собира сите јавни оценки и коментари на едно место, што им овозможува да ги следат повратните информации од клиентите. Овие коментари ќе им помогнат да ја подобрат својата услуга и да изградат посилен и попрофесионален имиџ пред клиентите, што ќе доведе до зголемено задоволство и доверба.
Attachments (1)
- logo.png (6.1 KB ) - added by 5 weeks ago.
Download all attachments as: .zip