= Визија на проектот = == Вовед == Со оглед на зголемениот интерес за подостапно здравство, целта на овој проект е да им се овозможи на корисниците полесно да се информираат за достапноста на лековите во нашата држава, за најблиските аптеки и здравствени установи, како и за здравствените лица. Оваа апликација ќе им овозможи на граѓаните поедноставување на начинот на информирање за каде може да се добие соодветната здравствена помош од било која област, исто така ќе им овозможи богата содржина и точна информација без да има потреба да се пребарува дополнително на интернет за било која информација за здравствените услуги, но главно ќе биде посветена за достапноста на лековите. Со актуелната ситуација, сајтот ќе содржи и тековни информации за коронавирусот со препораки за тоа како да се заштитиме од него. == Позиционирање == === Проблематика === ||= Проблемот на =|| недостапност на информации за лекови и здравствени услуги || ||= ги засега =|| граѓани, аптеки, здравствени установи, здравствени субјекти, фармацевтски компании и веледрогерии || ||= со следните последици =|| може да настанат сериозни последици врз здравјето на луѓето || ||= успешно решение би било =|| кога сите граѓаните подеднакво би имале неограничен пристап до здравствената заштита || // === Позиционирање === ||= За групата корисници =|| Граѓаните кои имаат потреба од здравствена заштита || ||= Кои =|| треба да најдат информација за тоа како да дојдат до некој лек или некоја здравствена услуга || ||= Фарматико =|| е платформа за здравствена грижа || ||= Која овозможува =|| збир на информации наменети за оние кои би се соочиле со здравствени проблеми || ||= За разлика од =|| Мој Термин, zdravstvo.gov.mk, koronavirus.gov.mk || ||= Фарматико е подобро решение бидејќи =|| ги спојува информациите на тој начин што ќе станат подостапни и попрегледни за обичните \\граѓани || == Засегнати - Описи == === Преглед на сите засегнати === ||= Име =||= Опис =||= Одговорности =|| || Граѓани || Корисници на услугите, што имаат потреба \\да се информираат за достапноста на \\лекови или здравствени услуги || Немаат никаква одговорност, само се корисници на апликацијата || || Аптеки || Продавници за лекови || Да се регистрираат на сајтот и да испраќаат ажурирани списоци за тоа \\дали продуктите се продаваат во нивната аптека || || Здравствени установи || Даватели на здравствени услуги || Да ни овозможат пристап до нивните сервиси односно API за комуникација \\со националните системи на електронски здравствени евиденции, каде се \\прибираат податоци за институциите, лекарите, резервирани и слободни \\термини за прегледи, упати кон лекари и рецепти || === Корисничка околина === За обичните корисници ќе има прилично едноставен интерфејс за користење, кој ќе се отвара преку било кој прелистувач како на десктоп така и на мобилен телефон и таблет, односно истиот ќе биде целосно репонзивен. Лесно ќе може да се пронајде. Апликацијата ќе работи на сите прелистувачи и без разлика на системската платформа. Апликацијата ќе може да се пристапи преку било кој веб прелистувач. Времето на пронаоѓање на посакуваната информација ќе биде брзо и кратко, не е потребен никој повеќе од самиот корисник за таа цел. Соодветните институции ќе имаат форма за пријавување преку обичниот кориснички интерфејс, а потоа ќе добиваат инструкции за понатамошните потребни контрибуции кои ќе можат да ги извршуваат преку веб. == Преглед == === Потреби и карактеристики === ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики =||= Планирано објавување =|| || Информации за достапноста на лековите || Задолжително || Пребарувач на лекови со податочни табели || / || || Информации за здравствени услуги || Потребно || Каталог на здравствени услуги и слободни термини за прегледи кај лекари || / || || Најнови информации за актуелни пандемии || Опционално || Бројачи за тековни информации прикажани за состојбата \\на пандемијата || / || || Информации за аптеки што работат 24 часа и нивна локација || Потребно || Адресар и мапа на достапни аптеки || / || || Информации за здравствените работници || Опционално || Каталог на стручни здравствени лица со податочни табели || / || || Здравствени совети || Не е потребно || Интервални нотификации || / || || Информации за рестрикциите || Опционално || Проверка на рестрикциите во вондредни состојби, според најновите уредби || / || === Други и нефункционални побарувања === ||= Побарување =||= Приоритет =||= Планирано објавување =|| || Веб прелистувач || Задолжително || / || || Пристап преку мобилен телефон, компјутер или таблет || Задолжително || / || || Интернет конекција || Потребно || / || || Основно познавање и ракување на апликации || Потребно || / ||