{{{#!html

Finance Novel

}}} {{{#!html

Членови на тимот


}}} || **Име и презиме** || **Индекс** || ||Александар Јовановски||181129|| {{{#!html

Краток опис на проектот


}}} Имате мал/среден бизнис? Ви треба софтверско решение, но не сте сигурни што функционалности и кого да ви го направи? Тука е **Finance Novel**. Целта на проектот е да се креира апликација која ќе биде one-stop place за комерцијално работење.\\\\ **Finance Novel** претставува апликација која ќе биде доволно опширна за да нема потреба фирми да користат/нарачувaат сопствени апликации.\\\\ Наменета за комерцијално работење на мали и средни фирми и нуди исклучителна можност на брз и едноставен начин да заведуваат, организират и печатат. Вработените на една фирма, ќе имат кориснички профили кои притоа ќе можат да креират влезни и излезни фактури, профактури, приемници и испратници за материјално работење, изводи од сите ваши сметки, уплати и исплати од каса, итн.\\ Со едноставен и лесен за користење интерфејс, би бил привлечен на секакви деловни клиенти. Сите потребни информации, донесени ефикасно точно и прецизно пред корисникот, заедно со моќен и брз back-end за калкулации на сите вредности. Тоа е **Finance Novel**. {{{#!html

Детален опис на проектот


}}} - **''За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?''** Апликацијата би се користела исклучиво од деловен корисник т.е фирма. Базата на податоци ќе ја поседуваат ИТ Администраторите и Директорот на фирмата. Скоро сите фирми, особено тие што се занимаваат со малопродажба им е потребно софтверско решение за комерцијално работење (финансиско и материјално), вклучувајќи потреби како креирање на влезни/излезни фактури, изводи, лагер листа, артикли, ставки итн. - **''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?''** Првично би решавале нешто што е потреба наместо проблем, а тоа е самата потреба за решение за финансиско и материјално работење на секоја фирма. Апликација која ќе биде доволно опширна за да нема потреба фирми да користат/нарачувaат сопствени апликации. Додатно, заради тоа што е веб аплкација би решавала проблем на пристпаност без оглед на локација и уред. - **''Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?''** Корисници би биле самите вработени во дадена фирма, сите би имале истата функционалност на апликацијата, со додаток дека администратор корисник ќе може да додава или бриши корисници т.е вработени. - **''Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?''** Најголемата разлика би била самата достапност на апликацијата, заедно со едноставниот интерфејс и поддршка на апликацијата што би придонесило голема употребливост. Заедно со самата јазична поддршка на Македонски, би била едновидна апликација во рамките на државата. - **''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''** Се работи за веб апликација, достапна на секој web browser.