}}}
Имате мал/среден бизнис? Ви треба софтверско решение, но не сте сигурни што функционалности и кого да ви го направи? Тука е **Finance Novel**.
Целта на проектот е да се креира апликација која ќе биде one-stop place за комерцијално работење.\\\\
**Finance Novel** претставува апликација која ќе биде доволно опширна за да нема потреба фирми да користат/нарачувaат сопствени апликации.\\\\
Наменета за комерцијално работење на мали и средни фирми и нуди исклучителна можност на брз и едноставен начин да заведуваат, организират и печатат. Вработените на една фирма, ќе имат кориснички профили кои притоа ќе можат да креират влезни и излезни фактури, профактури, приемници и испратници за материјално работење, изводи од сите ваши сметки, уплати и исплати од каса, итн.\\
Со едноставен и лесен за користење интерфејс, би бил привлечен на секакви деловни клиенти. Сите потребни информации, донесени ефикасно точно и прецизно пред корисникот, заедно со моќен и брз back-end за калкулации на сите вредности. Тоа е **Finance Novel**.
{{{#!html
Детален опис на проектот
}}}
- **''За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?''**
Апликацијата би се користела исклучиво од деловен корисник т.е фирма. Скоро сите фирми, особено тие што се занимаваат со малопродажба им е потребно софтверско решение за комерцијално работење (финансиско и материјално), вклучувајќи потреби како креирање на влезни/излезни фактури, изводи, лагер листа, артикли, ставки итн.
- **''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?''**
Првично би решавале нешто што е потреба наместо проблем, а тоа е самата потреба за решение за финансиско и материјално работење на секоја фирма. Апликација која ќе биде доволно опширна за да нема потреба фирми да користат/нарачувaат сопствени апликации. Додатно, заради тоа што е веб аплкација би решавала проблем на пристпаност без оглед на локација и уред.
- **''Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?''**
Корисници би биле самите вработени во дадена фирма, сите би имале истата функционалност на апликацијата, со додаток дека администратор корисник ќе може да додава или бриши корисници т.е вработени.
- **''Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?''**
Најголемата разлика би била самата достапност на апликацијата, заедно со едноставниот интерфејс и поддршка на апликацијата што би придонесило голема употребливост. Заедно со самата јазична поддршка на Македонски, би била едновидна апликација во рамките на државата.
- **''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''**
Се работи за веб апликација, достапна на секој web browser.