Визија
1. Вовед
Целта на нашата апликација е да создаде платформа за програмерски предизвици која ќе им овозможи на студентите на ФИНКИ секојдневно да решаваат алгоритамски задачи, да следат напредок и да се натпреваруваат меѓусебно. Апликацијата ќе им овозможи лесен пристап до предизвици, автоматско оценување на решенијата и систем за поени и рангирање.
2. Позиционирање
2.1 Дефиницја на проблем
Тема на проблем | Студентите немаат начин да се натпреваруваат помеѓу себе и онлајн да дискутираат за задачи
|
---|
Кого засега | Студентите на ФИНКИ кои сакаат да ги подобрат своите алгоритамски и програмерски вештини
|
---|
Со последици како | Намалена мотивација за самостојно учење, недоволно практично искуство
|
---|
Успешно решение би било | Веб апликација која би ги поттикнала студентите често да вежбаат задачи, да бидат мотивирани и да се натпреваруваат меѓусебе
|
---|
2.2 Позиција на пазарот
За | Студенти на ФИНКИ
|
---|
Кои | Би сакале секојдневно да вежбаат програмерски задачи и да се натпреваруваат
|
---|
FINKI-Ranked | Е веб апликација за решавање на програмерски задачи
|
---|
За разлика од | Монотоно решавање на аудиториски вежби
|
---|
Нашиот продукт | Е платформа која на студентите ќе им го развие натпреварувачкиот дух и преку која ќе стекнат работни навики
|
---|
3. Опис на засегнатите лица =
3.1 Преглед
Име | Опис | Одговорности
|
---|
Студент - корисник | Најавен корисник на апликацијата | Клиент кој решава задачи и чита форум
|
Развивач на апликацијата | Одговорен за платформата | Развивање на платформата
|
Модератор | Креира задачи | Редовно додавање нови задачи
|
3.2 Корисничка околина
Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до апликацијата преку било кој компјутер, со достапост до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања.
4. Преглед на производот
4.1 Барања
Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
---|
Регистрација и најава на корисници | Висок | Можност за најава на веб апликацијата преку email адресата доделена од факултетот
|
Приказ на дневен предизвик | Висок | Приказ на дневен предизвик од датабаза
|
Автоматско тестирање на кодот | Висок | Приказ на резултат од внесениот код
|
Оценување на студентот | Висок | Доделување поени и ранг по решена задача
|
Рангирање на студентот | Висок | Додавање на студентот во листа според поените кои ги освоил
|
5. Други барања =
Барање | Приоритет
|
---|
Интернет конекција | Висок
|
Компјутер | Висок
|
Веб прелистувач | Висок
|
Потреба на личен профил за решавање на задачи | Висок
|