| Version 2 (modified by , 5 days ago) ( diff ) |
|---|
FinkWave
Членови на тимот
| Име и Презиме | Индекс | Улога |
|---|---|---|
| Филип Гавриловски | 231136 | Координатор |
| Димитар Арсов | 231017 | Член на тимот |
Краток опис на проектот
FinkWave претставува веб апликација наменета за стриминг на музика. Корисници на системот ќе бидат артисти, администратори, слушатели на музика.
Слушатели на музика ќе можат да слушаат песни, да ги додаваат во плејлисти, да заследуваат артисти или други слушатели.
Артисти ќе може да објавуваат песни на платформата, како и да следат метрики за истите. Метриките ќе бидат број на стримови, лајкови, следбеници и слично. Дополнително, и артистите ги имаат сите привилегии што ги имаат и слушателите.
Aдминистраторите ќе може да бришат песни од база или да ги менуваат нивните метаподатоци, како и да ажурираат останати полиња во базата.
Детален опис на проектот
За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
- За базата може да биде одговорен или поединец или фирма, доколку е присутна желба за менаџирање на централизирана база со песни и служење на истите преку веб апликација.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?
- Покрај тоа што нашата изработка не решава некој реален проблем, таа нуди бесплатна open-source алтернатива на големите конкуренти на пазарот за стриминг на музика.
Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
- Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници:
- Администратори – го надгледуваат целиот систем и можат да менаџираат кориснички профили и податоци.
- Слушатели – секојдневни корисници кои имаат пристап до музиката и можат да си го менаџираат својот профил.
- Артисти – ги имаат сите привилегии кои ги имаат слушателите, а и дополнително можат да објавуваат музика.
Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?
- Слични развиени идеи се Spotify, Apple Music и други, она што е различно за нашето решение е што е бесплатно и отворено.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
- Се работи за веб апликација.
