| Version 1 (modified by , 8 hours ago) ( diff ) |
|---|
Дефинирање на проектот
Членови на тимот
| Име и Презиме | Индекс | Улога |
|---|---|---|
| Филип Гавриловски | 231136 | Координатор |
| Димитар Арсов | 231017 | Член на тимот |
Краток опис на проектот
FinkWave претставува веб апликација за стриминг на музика. Во базата на податоци ќе се чуваат метаподатоци за песните, како и информации за аристите и нивните албуми, корисниците и нивните плејлисти и слично. Веб апликацијата ќе биде налик на популарните платформи за стримање на музика и ќе им дозволи на корисниците да ги слушаат песните кои ги има во нашата база, да ги додаваат во плејлисти, да заследуваат артисти ...
Детален опис на проектот
За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
- За базата може да биде одговорен или поединец или фирма, доколку е присутна желба за менаџирање на централизирана база со песни и служење на истите преку веб апликација.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?
- Покрај тоа што нашата изработка не решава некој реален проблем, таа нуди бесплатна open-source алтернатива на големите конкуренти на пазарот за стриминг на музика.
Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
- Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници:
- Администратори на базата – го надгледуваат целиот систем и можат да менаџираат кориснички профили и податоци.
- Бесплатни Слушатели – секојдневни корисници кои имаат пристап до музиката и можат да си го менаџираат својот профил.
- Премиум Слушатели - корисници со исти привилегии со бесплатните слушатели, како и дополнителни функционалности овозможени само за нив.
- Артисти – корисници кои можат да објавуваат музика и истата да биде прикажана на нивниот профил.
- Администратот на продуцентска куќа - корисници кои имаат пермисија да додаваат песни во името на артисти кои се пријавени во продуцентската куќа.
Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?
- Слични развиени идеи се Spotify, Apple Music и други, она што е различно за нашето решение е што е бесплатно и отворено.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
- Се работи за веб апликација.
