wiki:WikiStart

Version 7 (modified by 231250, 9 hours ago) ( diff )

--

FoodShare

Краток oпис

Во современото општество, фрлањето храна претставува сериозен економски, еколошки и општествен проблем. Голем број ресторани, пекари, маркети и други угостителски објекти секојдневно располагаат со вишок храна која, иако сè уште е безбедна за консумирање, често завршува како отпад. Од друга страна, постојат голем број луѓе и хуманитарни организации на кои им е потребна дополнителна помош во форма на храна. Поради оваа причина, се предлага развој на системот FoodShare, чија основна цел е поврзување на угостителските објекти кои располагаат со вишок храна со хуманитарните организации кои имаат потреба од неа. Системот ќе овозможи едноставно објавување на донации, нивно резервирање, доделување волонтери и следење на процесот на достава. На овој начин ќе се овозможи подобро искористување на храната, намалување на отпадот и полесна организација на хуманитарната помош.

Главната цел на проектот е развој на централизирана база на податоци и информациски систем кој ќе го автоматизира процесот на управување со вишок храна и нејзина дистрибуција до оние на кои им е потребна.

Поважни информации

Членови:

  • Ели Бочвароска (231233)
  • Ана Бочвароска (231250)
  • Исмаил Туфекчи (143180)

Предмет: Бази на податоци Зимски-2026/2027

Ментор: ​проф. д-р Вангел В. Ајановски

Фази на изработка

Фаза Линк Статус Датум
Ф0 Опис на самиот проект во процес на изработка
Ф1 Концептуален модел (ER) незапочнато
Ф2 Логички и физички дизајн, изработка на DB (DDL) незапочнато
Ф3 Можни сценарија за пристап до база (SQL) незапочнато
Ф4 Прв прототип незапочнато
Ф5 Нормализација незапочнато
Ф6 Комплексни извештаи за База (SQL, Релациона алгебра) незапочнато
Ф7 Напреден развој на база (SQL DDL) незапочнато
Ф8 Напреден развој на апликација незапочнато
Ф9 Други теми незапочнато

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.