= Визија = == Вовед == Во денешниот динамичен свет, патувањето стана неизоставен дел од животот на многумина, било да се работи за откривање нови култури, одмор или деловни цели. Сепак, процесот на планирање на патувања често може да биде комплициран и временски одземајќи, со многу опции за сместување, превоз и активности кои треба да се разгледаат. Платформата GlobeGuru има за цел да го трансформира искуството на планирање патувања, правејќи го поедноставно и попријатно. Преку иновативни технологии и фокус на корисничките потреби, GlobeGuru нуди персонализирани препораки, интерактивни мапи и детални водичи за дестинации. Со GlobeGuru, вашето патување ќе биде беспрекорно планирано и исполнето со незаборавни моменти, овозможувајќи ви да се фокусирате на уживањето и авантурите што ве очекуваат. = Позиционирање = == 2.1 Дефиниција на проблем == * **Тема на проблем:** Планирањето на патувања често вклучува истражување на многу различни извори за информации, што може да биде заморно и збунувачко. * **Ги засега:** Патници, туристи, деловни патници, и семејства кои сакаат да организираат својот одмор или деловно патување на едноставен начин. * **Со следните последици:** Губење на време при пребарување на информации, неточни или нецелосни податоци, и недостаток на координација при организирање на различни аспекти на патувањето. * **Успешно решение би било:** Користење на GlobeGuru која централизира сите информации потребни за планирање на патувања, овозможувајќи лесно и брзо пребарување, резервација и организација. == 2.2 Позиционирање на пазарот == * **За групата корисници:** Индивидуални патници * **Кои:** Имаат потреба од ефективно и безгрижно планирање на својот одмор или деловно патување. * **GlobeGuru:** Веб апликација која овозможува персонализирани препораки за дестинации, сместување и активности. * **Што овозможува:** Централизирано пребарување, планирање и резервација, со опции за креирање на патни планови и следење на резервации. * **За разлика од:** Други платформи кои нудат ограничени информации или бараат користење на повеќе апликации за комплетно планирање. * **Нашиот продукт:** Нуди целосно решение за патување, од истражување до резервации, со интуитивен интерфејс и интегрирани услуги. = 3. Опис на засегнати лица = == 3.1 Преглед на засегнати == || **Име** || **Опис** || **Одговорности** || || Патник || Краен корисник кој планира патувања || Истражување на дестинации, резервација на сместување и активности, користење на интерактивни водичи || == 3.2 Корисничка околина == Платформата GlobeGuru ќе биде дизајнирана за два главни типа на корисници: индивидуални патници и бизнис корисници како туристички агенции и туроператори. Платформата ќе обезбеди интуитивен и лесен за користење интерфејс кој ќе овозможи брз пристап до сите потребни функционалности. Патниците ќе можат лесно да планираат и резервираат своите патувања, додека туристичките агенции ќе имаат алатки за ефективно управување со своите понуди и резервации. Сите корисници ќе имаат потреба од интернет конекција за да ги користат услугите на платформата. = 4. Преглед = == 4.1 Потреби и карактеристики == || **Потреба** || **Приоритет** || **Карактеристики** || || Создавање профил на корисник || Must have || Регистрација и логирање на нови корисници како туристи или агенти || || Управување со кориснички податоци || Should have || Корисниците можат да ги ажурираат своите лични податоци и преференции || || Пребарување на дестинации || Must have || Корисниците пребаруваат и истражуваат различни туристички дестинации || || Пристап до сите туристички понуди || Must have || Корисниците имаат пристап до целата база на понуди || || Чување на омилени понуди || Should have || Корисниците можат да зачувуваат омилени дестинации и понуди за подоцна разгледување || = 5. Други барања = || **Барање** || **Приоритет** || || Уред (лаптоп, десктоп компјутер, телефон) || Must have || || Пристап до интернет || Must have || || Веб прелистувач || Must have ||