Version 5 (modified by 2 months ago) ( diff ) | ,
---|
Golden Company
Членови на тимот (индивидуален проект)
- Орданче Недев 203206
Краток опис на проектот
Изработка на веб апликација за онлајн банкарство/е-банкарство кое ќе им овозможи на компании од земјата и странство да соработуваат меѓусебе и да наплаќаат побарувања или да плаќаат обврски. Трансакциите можат да бидат во денари(МКД), долари(USD), евра(EUR) и GBP(фунти). Овој систем им овозможува на компаниите да вршат трансакции во различни валути, но главната валута е денарот, сите други валути се изведени преку конверзија врз база на девизен курс. Системот фукционира така што корисникот се регистрира во системот со: корисничко име, e-mail, телефонски број и шифра. После тоа се најавува и пред него има кориснички интерфејс во кои е прикажан неговиот баланс на средства, курсна листа, и опциите да повлече парични с-ва од системот, да внесе парични с-ва во системот и да префрли с-ва на друг корисник. Дополнително корисникот има опција за увид во сите свои трансакции по ден, месец, година и час.
Детален опис на проектот
Дали станува збор за веб, десктоп или мобилна апликација?
Станува збор за веб апликација која би се користела за финансиски трансакции помеѓу домашни и странски правни, но и физички лица.
Кои би биле корисници на оваа апликација и кој ќе управува со базата на податоци?
Корисници на оваа веб апликација би биле домашни и странски правни, но и физички лица. Односно компании кои се занимаваат со странско-домашни бизнис зделки.
Во поглед на кој ќе управува со базата на податоци, тоа би бил администраторот на базата за податоци во компанијата Golden Company.
Слични или исти апликации кои ја имаат истата функција и по што се разликува оваа апликација?
Оваа апликација наликува на многу апликации за трансфер на парични с-ва во меѓународен платен промет, но оваа е единствена апликација која би го поврзала македонскиот банкарски систем со странски банкарски системи(како што е SEPA, SWIFT/IBAN), односно денарот да е основна валута во пресметките, сите други валути да се изведени од него.