Changes between Initial Version and Version 1 of Избор на софтверски систем


Ignore:
Timestamp:
01/10/21 17:53:53 (4 years ago)
Author:
115044
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • Избор на софтверски систем

    v1 v1  
     1
     2= Избор на софтверски систем
     3
     4=== Разгледувани решенија
     5**Shopurfood** - обемна платформа за нарачка на храна што им помага на сопствениците на ресторани да доставуваат храна преку Интернет.\\ Процесот за отпочнување на бизнис преку оваа платформа почнува со додавање ресторан, потоа се додаваат партнери за достава, се креира мени, се примаат онлајн нарачки, овозможено е и онлајн плаќање, се следи доставата и на крај се креираат извештаи за следење на состојбата во продавницата.\\
     6
     7**Ontabee** - систем за онлајн нарачка на храна за менаџирање на ресторани кое може да се прилагоди како решение за мали и големи бизниси со повеќе ланци на продавници (пицерија, слаткарница, ресторан, кафе локал, продавница за свежа храна, продавница за прехранбени производи).\\ Системот располага со back end дел на апликацијата од каде менаџерот(admin) може да управува и менаџира со комплетниот систем за нарачки на апликацијата.\\
     8Системот располага со неколку модули: вебсајт за нарачка, апликација за примање на нарачките, супер панел за менаџирање, панел за рестораните, модул за достава (delivery).
     9
     10=== Споредба
     11На прв поглед, Онтабее изгледа поедноставен, а можеби и баш поради тоа, поради едноставноста, изгледаше дека е подобра опција.\\
     12Се чинеше дека има се од тоа што му треба на Гринери, а од друга страна, не е толку затрпано од менија и функционалности.\\
     13Сепак по испробување на системот преку отвореното демо, недостасуваат многу функционалности и може лесно да се увиди дека решението не е комплетно завршено. Претпоставувам дека верзиите кои се подоцна разработени и кои сега се плаќаат ги имаат надминато овие проблеми, но тука зборуваме за отворената бесплатна верзија.\\
     14Така што, тргнувајќи од фронтот, нема потреба што повеќе да се анализира, грешките тука се доволни за да се донесе одлука дека решението не е добро и соодветно. Дури панелот за менаџирање на целиот процес да е поддржан со сите потребни функционалности (а не е), сепак фронтот преку кој корисниците треба да почнат со процесот на нарачка е некомплетен.[[BR]]
     15
     16Опцијата Shopurfood пак е комплетно разработена од сите можни аспекти, генерално без многу грешки. Можеби и во оваа опција ќе треба нешто да се доработува, можеби нема да бидат комплетно покриени сите use-case, но сметам дека во ова решние, најлесно и најбрзо ќе може да се изработат и покријат случаите кои недостасуваат.[[BR]]
     17
     18Според ова кратко резиме, сметам дека најдобро и најсоодветно решение за Гринери ќе биде Shopurfood.[[BR]]
     19
     20
     21=== Опис на избрано решение
     22Главни функционалности на системот Shopurfood се вебсајт за нарачки, админ панел, панел за корисници, панел/апликација за ресторани, неограничен број на локации, дифолтни начини на плаќање (PayPal, Stripe), дифолтна поддршка на јазици (англиски, арапски), менаџирање на мени, менаџирање со нарачките, неограничен број на нарачки, real-time статус на нарачките, детални извештаи..[[BR]]
     23Архитектура, системски побарувања, лиценца: непознато[[BR]]
     24Рамковна цена: околу 3000$[[BR]]
     25
     26=== Мини упатство за инсталација или пристап до демо (лог на направени чекори)
     27Што се однесува до инсталацијата откако ќе се купи софтверот, единствено што е објавено на сајтот е дека датотеките ќе бидат доставени како линкови за превземање или како прилог. А лог за пристап до демото е објаснето и покажано во видео презентацијата.
     28
     29
     30=== Исполнетост на побарувањата
     31'' проценка колкав дел од побарувањата use-case по use-case ќе биде исполнет, кои се најважните побарувања кои ова решение не ги исполнува и треба да се развијат делумно или во целост ''\\
     32
     33**1. Најава на корисник** - 100% исполнето: име на корисникот, телефон, алтернативен телефон, меил адреса, адреса на корисникот, слика на профил.\\
     34**2. Формирање нарачка** - 90% исполнето, односно од делот на листање на производите и додавање во кошница, до крајната потврда и генерирање на фактура, се е исполнето. Пребарувањето е исто добро. Треба да се смени подреденоста на прикажаните призводи, односно наместо излистани продавници треба да бидат прикажани категории производи.\\
     35**3. Креирање каталог на производи** - 20% исполнето. \\ Во овој use-case, во системот Гринери, произведувачите се најавуваат сами и ги нудат своите производи. Во Shopurfood постои панел за трговците, а исто и панел за самата продавница, кои се најавуваат и сами го креираат менито во таа продавница. Сами наведуваат категорија на производи, подкатегорија, додаваат достапни количини, цена итн. Овој дел може да се прилагоди за произведувачите во Гринери. Ќе треба тука да се направат измени. \\ Наместо произведувачите да креираат продавница со свои производи и веднаш да бидат објавени за продажба, тие ќе креираат понуда кон админот, со достапни производи, а админот откако ќе ги откупи, менаџерот во компанијата го креира и ажурира менито. Значи за овој use-case се потребни доста измени, иако како засебен модул и можеби основата постои.\\
     36**4. Прием на производи** - 0%, ова треба да се изработи комплетно, да се направи дел за валидација на пристигнатите производи во халата за пакување.\\
     37**5. Превземање на нарачките и пакување на пакети** - 95%, и ова е доста покриено. Процесот на примање на нарачките, одобрување и припремање на нарачката е глатко организирано во системот, со следење на статусот во живо. Имаме и генерирање на посебна шифра на секоја нарачка, а се ажурира и количината на производот.\\
     38**6. Превземање на нарачки за испорака и достава на нарачките** - 95%. \\
     39Процесот на испорака е многу убаво организиран. Менаџерот асајнува чевек за испорака, кој во Гринери ќе се одредува по регион, а кај дистрибутерот се јавува нотификација и во секој момент има листа со пакетите нему доделени кои треба да ги достави.