Version 3 (modified by 4 years ago) ( diff ) | ,
---|
Избор на софтверски систем
Разгледувани решенија
Odoo - пакет од веб базирани, open source бизнис апликации.
Процесот за отпочнување на бизнис преку оваа платформа почнува со креирање вебсајт и продавница, се креираат менија и се додаваат призводи, потоа се креираат партнери за набавка (вендори), се примаат онлајн нарачки, овозможено е и онлајн плаќање и на крај се креираат извештаи за следење на состојбата во продавницата.
Spree - open source систем за развој на онлајн бизнис со екомерцијален сајт за нарачки.
Системот располага со back end дел на апликацијата од каде менаџерот(admin) може да управува и менаџира со комплетниот систем за нарачки на апликацијата.
Spree располага со неколку модули во back office делот: менаџирање на клиентите, менаџирање со каталот на производи, менаџирање со залихите, супер панел за менаџирање со нарачките, модул и менаџмент на достава (delivery).
Споредба
Spree е едноставен систем, но со развиени функционалности кои покриваат добар дел од корисничките случаи на Гринери.
Всушност Spree беше првиот систем од овие два за кои се одлучив дека најмногу одговара за Гринери, но сепак по инсталацијата на достапната верзија, некои ситни функционалности недостасуваа и можеби фронтот не е толку развиен како кај Odoo, па затоа потоа ја променив одлуката.
Опцијата Odoo е комплетно разработена од сите можни аспекти, генерално без многу грешки. Можеби и во оваа опција ќе треба нешто да се доработи, можеби некој use-case нема да биде комплетно покриен, но сметам дека во ова решение, најлесно и најбрзо ќе може да се изработат и покријат функционалностите кои недостасуваат, а кои се малку.
Апликацијата е добро интегрирана со многу други апликации, кои се независни една од друга, во секој момент може да се деинсталира некоја од нив, а сепак добро комуницираат и ги пристапуваат податоците во секој момент.
Во апликациите може да се конфигурираат многу функционалности, пример во апликацијата за залихи, се дефинираат различни локации како Stock локации, се конфигурираат производите, продажба на производите како такви и креирање пакети, што за Гринери посебно одговара. Се додаваат и конфигурираат начини за достава итн.
Odoo - Comunity верзијата е бесплатна.
Според ова кратко резиме, сметам дека најдобро и најсоодветно решение за Гринери ќе биде Odoo.
Опис на избрано решение
Главни функционалности на системот Odoo се вебсајт, eCommerce сајт за нарачки, админ панел, апликација за набавки, inventory апликација, дифолтни начини на плаќање (PayPal, Stripe), поддршка на јазици (англиски, македонски и многу други), менаџирање на каталогот на производи, менаџирање со нарачките, неограничен број на нарачки, real-time статус на нарачките, детални извештаи..
Архитектура: Model-View-Controller (MVC) + Angular + Web API
Системски побарувања:
Лиценца: Community version - GNU LGPLv3 - бесплатна лиценца
Исполнетост на побарувањата
проценка колкав дел од побарувањата use-case по use-case ќе биде исполнет, кои се најважните побарувања кои ова решение не ги исполнува и треба да се развијат делумно или во целост
1. Најава на корисник - 95% исполнето: име на корисникот, телефон, алтернативен телефон, меил адреса, адреса на корисникот, слика на профил.
2. Формирање нарачка - 95% исполнето, односно од делот на листање на производите и додавање во кошница, до крајната потврда и генерирање на фактура, се е исполнето. Пребарувањето е исто добро.
3. Креирање каталог на производи - 95% исполнето.
Во овој use-case, во системот Гринери, произведувачите се најавуваат сами и ги нудат своите производи. Во Adoo постои панел за трговците, а исто и панел за самата продавница, кои се најавуваат и сами го креираат менито во таа продавница. Сами наведуваат категорија на производи, подкатегорија, додаваат достапни количини, цена итн. Овој дел може да се прилагоди за произведувачите во Гринери. Ќе треба тука да се направат измени.
Наместо произведувачите да креираат продавница со свои производи и веднаш да бидат објавени за продажба, тие ќе креираат понуда кон админот, со достапни производи, а админот откако ќе ги откупи, менаџерот во компанијата го креира и ажурира менито. Значи за овој use-case се потребни доста измени, иако како засебен модул и можеби основата постои.
4. Прием на производи - 95%, ова треба да се изработи комплетно, да се направи дел за валидација на пристигнатите производи во халата за пакување.
5. Превземање на нарачките и пакување на пакети - 95%, и ова е доста покриено. Процесот на примање на нарачките, одобрување и припремање на нарачката е глатко организирано во системот, со следење на статусот во живо. Имаме и генерирање на посебна шифра на секоја нарачка, а се ажурира и количината на производот.
6. Превземање на нарачки за испорака и достава на нарачките - 70% - апликацијата за достава не се инсталираше во бесплатната верзија.
Ова не успеав да го конфигурирам.
Attachments (1)
-
odoo demo.txt
(43 bytes
) - added by 4 years ago.
Во текст документот се наоѓа линк до видеото.
Download all attachments as: .zip