wiki:Избор на софтверски систем

Version 5 (modified by 115044, 4 years ago) ( diff )

--

Избор на софтверски систем

Разгледувани решенија

Odoo - пакет од веб базирани, open source бизнис апликации.
Процесот за отпочнување на бизнис преку оваа платформа почнува со креирање вебсајт и продавница, се креираат менија и се додаваат призводи, потоа се креираат партнери за набавка (вендори), се примаат онлајн нарачки, овозможено е и онлајн плаќање и на крај се креираат извештаи за следење на состојбата во продавницата.

Spree - open source систем за развој на онлајн бизнис со екомерцијален сајт за нарачки.
Системот располага со back end дел на апликацијата од каде менаџерот(admin) може да управува и менаџира со комплетниот систем за нарачки на апликацијата.
Spree располага со неколку модули во back office делот: менаџирање на клиентите, менаџирање со каталот на производи, менаџирање со залихите, супер панел за менаџирање со нарачките, модул и менаџмент на достава (delivery).

Споредба

Spree е едноставен систем, но со развиени функционалности кои покриваат добар дел од корисничките случаи на Гринери.
Всушност Spree беше првиот систем од овие два за кои се одлучив дека најмногу одговара за Гринери, но сепак по инсталацијата на достапната верзија, некои ситни функционалности недостасуваа и можеби фронтот не е толку развиен како кај Odoo, па затоа потоа ја променив одлуката.

Опцијата Odoo е комплетно разработена од сите можни аспекти, генерално без многу грешки. Можеби и во оваа опција ќе треба нешто да се доработи, можеби некој use-case нема да биде комплетно покриен, но сметам дека во ова решение, најлесно и најбрзо ќе може да се изработат и покријат функционалностите кои недостасуваат, а кои се малку.
Апликацијата е добро интегрирана со многу други апликации, кои се независни една од друга, во секој момент може да се деинсталира некоја од нив, а сепак добро комуницираат и ги пристапуваат податоците во секој момент.
Во апликациите може да се конфигурираат многу функционалности, пример во апликацијата за залихи, се дефинираат различни локации како Stock локации, се конфигурираат производите, продажба на производите како такви и креирање пакети, што за Гринери посебно одговара. Се додаваат и конфигурираат начини за достава итн.
Odoo - Comunity верзијата е бесплатна.

Според ова кратко резиме, сметам дека најдобро и најсоодветно решение за Гринери ќе биде Odoo.

Опис на избрано решение

Главни функционалности на системот Odoo: се вебсајт, eCommerce сајт за нарачки, админ панел, апликација за набавки, inventory апликација, повеќе интегрирани начини на плаќање (PayPal, Stripe), поддршка на јазици (меѓу кои и македонски), менаџирање на каталогот на производи, менаџирање со нарачките, неограничен број на нарачки, real-time статус на нарачките, детални извештаи..
Архитектура: Model-View-Controller (MVC) + Web API
Системски побарувања:
Лиценца: Community version - GNU LGPLv3 - бесплатна лиценца

Исполнетост на побарувањата

проценка колкав дел од побарувањата ќе биде исполнет, кои се најважните побарувања кои ова решение не ги исполнува и треба да се развијат делумно или во целост

1. Најава на корисник - 95% исполнето: име на корисникот, телефон, меил адреса, адреса на корисникот, слика на профил.
2. Формирање нарачка - 95% исполнето, односно од делот на листање на производите и додавање во кошница, до крајната потврда и генерирање на фактура, се е исполнето.
3. Креирање каталог на производи - 95% исполнето.
Во овој use-case, во системот Гринери, произведувачите се најавуваат сами и ги нудат своите производи. Во Adoo постои панел каде админот/менаџерот ја креира понудата (наместо произведителот), потоа производителите ја потврдуваат (или не). Има панел за управување на продавницата, се најавуваат и сами го креираат менито во таа продавница.
4. Прием на производи - 95%, овој дел е цела посебна интегрирана апликација. Во моментот кога произведителот ја потврдува понудата, во апликацијата за залихи се појавува фактура/список на производи за кои треба да се направи прием и да се валидира приемот. Се дефинира и датум за прием, односно кога производителот би ги доставил производите.
5. Превземање на нарачките и пакување на пакети - 95%, и ова е доста покриено. Процесот на примање на нарачките, одобрување и припремање на нарачката е глатко организирано во системот. Имаме и генерирање на посебна шифра на секоја нарачка, а се ажурира и количината на производот.
6. Превземање на нарачки за испорака и достава на нарачките - 70% - апликацијата за достава не се инсталираше во бесплатната верзија. Така што ова не успеав да го конфигурирам.

Attachments (1)

  • odoo demo.txt (43 bytes ) - added by 115044 4 years ago. Во текст документот се наоѓа линк до видеото.

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.