| 1 | = Избор на тип потсистем |
| 2 | |
| 3 | == Опис на избраниот систем: CRM систем |
| 4 | Една од потребите на Гринери како систем чија дејност е поврзана и зависи од клиенти, е постоењето на CRM - систем за управување на односи со клиентите и поддршка на клиенти, емаил интеграција, повици за продажба.. CRM системот во склоп на Гринери треба да нуди:\\ |
| 5 | - можност на клиентите да постават прашање и пријават проблем;\\ |
| 6 | - опција за Гринери да може да испрати интерна понуда (со попуст ) до некој клиент, или повеќе клиенти;\\ |
| 7 | - можност за закажување термин за повик, состанок.\\ |
| 8 | |
| 9 | == Избор на готови софтвери од тој домен: |
| 10 | **Odoo** - пакет од веб базирани, open source бизнис апликации. Дел од апликациите се CRM, website, eCommerce, Point of Sale, Inventory, Purchase, Invoicing и други. Тие може да се користат секоја засебно, но и непречено да се интегрираат за да добиеме комплетно покриен ERP систем. \\ |
| 11 | Odoo го овозможува целиот процес за отпочнување на Гринери како систем. Започнуваме со креирање веб сајт и продавница. Се креираат менија и се додаваат производи. Продолжуваме со набавка на производите и за таа цел креираме партнери за набавка (вендори) кон кои во системот креираме понуди за набавка. Во инвентори се креираат stock локации и се следат залихите. |
| 12 | Во апликациите постои можност за конфигурација на многу функционалности. |
| 13 | Овозможено е онлајн плаќање со повеќе интегрирани начини и типови на онлајн плаќања како Paypal, Stripe, Wire transfer и други. Има поддршка на многу јазици меѓу кои и македонски јазик, што исто му е потребно на Гринери. |
| 14 | Може да се конфигурира метод за достава, може да се дефинира фиксна цена или според некое правило и исто може да се сетираат дестинациите кои може да бидат лимитирани.\\ |
| 15 | Odoo користи Python и PostgreeSQL база на податоци.\\ |
| 16 | **OroCRM** - се смета за еден од најфлексибилните open source CRM системи. Во спецификацијата стои дека доколку ова решение ни е потребно за менаџирање на eCommerce, ќе биде потребно да се кастомизира делот helpdesk односно функцијата за поддршка на корисници. Open source веризјата е бесплатна.\\ |
| 17 | **EspoCRM** - комплетно покриени функционалности за водење и следење на можности и контакти. Нема многу можности за интеграција со други системи. Се нуди self-hosted решение кое е бесплатно и cloud варијанта за која цената се комуницира со вендорот.\\ |
| 18 | |
| 19 | **Избран систем: Odoo** |