wiki:И.1 Избор на тип потсистем

Version 2 (modified by 115044, 4 years ago) ( diff )

--

Избор на тип потсистем

Опис на избраниот систем: CRM систем

Една од потребите на Гринери како систем чија дејност е поврзана и зависи од клиенти, е постоењето на CRM - систем за управување на односи со клиентите и поддршка на клиенти, емаил интеграција, повици за продажба.. CRM системот во склоп на Гринери треба да нуди:

  • можност на клиентите да постават прашање и пријават проблем;
  • опција за Гринери да може да испрати интерна понуда (со попуст ) до некој клиент, или повеќе клиенти;
  • можност за закажување термин за повик, состанок.

Избор на готови софтвери од тој домен

Odoo - пакет од веб базирани, open source бизнис апликации. Дел од апликациите се CRM, website, eCommerce, Point of Sale, Inventory, Purchase, Invoicing и други. Тие може да се користат секоја засебно, но и непречено да се интегрираат за да добиеме комплетно покриен ERP систем.
Odoo го овозможува целиот процес за отпочнување на Гринери како систем. Започнуваме со креирање веб сајт и продавница. Се креираат менија и се додаваат производи. Продолжуваме со набавка на производите и за таа цел креираме партнери за набавка (вендори) кон кои во системот креираме понуди за набавка. Во инвентори се креираат stock локации и се следат залихите. Во апликациите постои можност за конфигурација на многу функционалности. Овозможено е онлајн плаќање со повеќе интегрирани начини и типови на онлајн плаќања како Paypal, Stripe, Wire transfer и други. Има поддршка на многу јазици меѓу кои и македонски јазик, што исто му е потребно на Гринери. Може да се конфигурира метод за достава, може да се дефинира фиксна цена или според некое правило и исто може да се сетираат дестинациите кои може да бидат лимитирани.
Odoo користи Python и PostgreeSQL база на податоци.
OroCRM - се смета за еден од најфлексибилните open source CRM системи. Во спецификацијата стои дека доколку ова решение ни е потребно за менаџирање на eCommerce, ќе биде потребно да се кастомизира делот helpdesk односно функцијата за поддршка на корисници. Open source верзијата е бесплатна.
EspoCRM - комплетно покриени функционалности за водење и следење на можности и контакти. Нема многу можности за интеграција со други системи. Се нуди self-hosted решение кое е бесплатно и cloud варијанта за која цената се комуницира со вендорот.

Избран систем: Odoo

Note: See TracWiki for help on using the wiki.